Чествување за Узунов во селото Цер

Во кичевското село Цер вчера беше одбележана 113-годишнината од саможртвата на Христо Узунов и неговите соборци, кои за да не паднат живи во рацете на непријателот сами си ги одзеле животите. На чествувањето пред споменикот, најпрво учениците од ЦОУ „Христо Узунов“ од селото Другово ги изведоа химната и песната за Узунов и прочитаа песни поврзани со овој настан додека...

Нов филтер на печката за согорување медицински отпад во „Дрисла“

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека од денеска во функција е новиот филтер на печката за согорување медицински отпад (инсенератор) на депонијата „Дрисла“. - Станува збор за филтер којшто е поставен на инсенераторот за согорување на медицински отпад и кој ги апсорбира ПМ10 честичките, јаглерод моноксид и други честички кои се ослободуваат при согорувањето. Поставувањето е во согласност со препораките...

По татко Словенец, но се чувствува како чистокрвен Македонец

Облечен како вистински војвода од времето на Илинден, со своето однесување и изглед, на вчерашното чествување во селото Цер, голем интерес побуди Тончек Рожман, по татко Словенец, по мајка Македонец, роден во Битола, кој, како што самиот рече, Македонија ја чувствува за своја единствена татковина и се чувствува како чистокрвен Македонец. - Овој ден е светол ден како за Македонија...

Повторно одложено разгледувањето на Извештајот на СЈО

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедници денеска повторно го одложи разгледувањето на полумесечниот Извештај на Специјалното јавно обвинителство. Претседателот на Комисијата Александар Кирацовски ги информираше новинарите дека разгледувањето на Извештајот на СЈО ќе биде во петок или во текот на наредната недела и дека со ова им се остава повеќе простор на сите пратеници да го разгледаат извештајот...

Се урна американски воен авион Ф-16

Американски воен авион Ф-16 се урна додека се обидувал да слета на аеродром во Аризона, соопштија претставници на воздухопловната база Лук. Пилотот се катапултирал и не е потешко повреден. Авионот извршувал тренажен лет. Други детали не се соопштени.

На Тетово му треба повеќе зеленило

Активистите од неколку невладини организации од Тетово со симболичен пикник на градскиот плоштад од локалната самоуправа побараа да го зголеми зеленилото во градот. Тие на бетонската подлога илустративно поставија зелен теписон да асоцира на трева, а направија дрвја и палма од отпадоци најдени на тетовските улици. - Нашата акција е да се покрие сивото со зелено, зашто малку имаме зеленило....

Болеста ноземоза ги испразни пчелните кошнички во Кичевско

Оваа болест беше присутна и претходните години, но сезонава се прошири до таа мера што достигна епидемиски размери. Има пчелари што имаат загубено 30-40, па и повеќе пчелни семејства. Кај поединечни пчелари штетата е целосна Во повеќе села во Кичевско, кај дел од пчеларите пролетва, се случува феноменот празна кошница така што кај поединечни пчелари од овој вирус има угинување...

Отворање 980 мали бизниси со Програмата за вработување 2018

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и УНДП денеска потпишаа Договор за Годишната програма за вработување 2018, проектирана на 8,3 милиони долари. Како што беше речено на заедничката прес-конференција во Владата на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, Програмата е дел од Оперативниот план за вработување, а во фокусот се младите и ранливите категории лица. - Борбата со...

Обезбедувањето барало од Груевски да се набави ново возило

Судењето за предметот „Тенк“ на СЈО денеска продолжи со сведочење на Дејан Митровски Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски. Тој пред судот рече дека возилата за обезбедување ВИП личности честопати биле во дефект поради што се случувале многу непријатни ситуации. Старите возила, според него, преидзвикувале опасност за функционерите кои се превезувале, а и тој повеќепати имал вртоглавици. Кажа...

Туск доаѓа да нѐ увери оти најсигурен партнер ни е ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, од вторникот неделава ја почна својата турнеја низ Западен Балкан, како подготовка на самитот што ќе се одржи на 17 мај во Софија Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, в петок пристигнува во Македонија. Тој ќе присуствува на самитот Брдо-Бриони чиј домаќин ќе биде претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Целта на процесот Брдо-Бриони...