Згролемена фреквенцијата на возила на ГП Богородица за излез кон Грција
Зголемена фреквенција на возила и патници денеска е забележана на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница.
За излез од утрово на овој граничен премин на македонска страна работеле шест ленти, а времето на чекање не било подолго од 15 минути.
Од Граничниот премин информираат дека во однос на вчерашниот ден забележано е зголемување за 100 проценти. Од утрото до пладне поминале...
Хутите повторно ракетираа цели во Саудиска Арабија
Јеменските шиитски бунтовници Хути соопштија дека истрелале осум балистички ракети врз градот Џизан во Саудиска Арабија.
Саудиската државна телевизија јави дека воздушната одбрана пресретнала четири од осумте истрелани ракети и оти при нападите не е причинета материјална штета и нема жртви.
Но, Хутите тврдат дека ракетите ги погодиле метите со „голема прецизност“.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија претходно соопшти дека при нејзиниот...
Втора Национална конференција на Македонскиот модел на ОН
Во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА денеска во Скопје се одржа седмата Национална конференција на Македонскиот модел на Обединети Нации.
На конференцијата учествуваат млади од повеќе градови од Македонија кои влегуваат во улогата на вистински дипломати на државите членки на ОН и преку конструктивна дебата на реални глобални прашања ја симулираат работата на различни комитети на Обединетите Нации.
-...
Наредната недела ќе се знае кој ја загадува Брегалница
Локален и државен инспектор за животна средина го истражуваат случајот со загадувањето на реката Брегалница во штипскиот регион. Пред два дена реката беше обоена од тешки хемикалии, кои се користат во индустријата.
Сенка Андреева инспектор за животна средина во Општина Штип вели дека се земени мостри од пет фабрики во кругот на поранешниот комбинат „Македонка“. Токму и од колекторот за...
„Метаноја“ најдобар бенд, Виктор Захариев најдобар гитарист на „Рок фест 2018“
Скопскиот прогресив-метал состав „Метаноја“, е победник на годинешново издание на „Рок фест“, а Виктор Захариев, гитаристот на групата „Фикшн“ од Скопје, е прогласен за најдобар инстурменталист.
Веднаш по завршувањето на свирката, на Захариев му беше врачена нова електрична гитара „Јамаха - Пацифика“ од музичкиот салон „До-ре-ми“.
Натпреварувачката вечер на „Рок фест 2018“, се одржа синоќа во Младинскиот културен центар во Скопје,...
Јужнокорејските медиуми скептични за самитот Мун – Ким
Јужнокорејските медиуми средбата на лидерите на Јужна и Северна Кореја, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун ја поздравија со одредена претпазливост. Тие потенцираат дека немало одлучен и недвосмислен ангажман за откажување на Пјонгјанг од нуклеарната програма.
Конзервативниот дневен весник „Чосун“ оцени дека средбата Мун - Ким е позитивна за подобрување на билатералните односи, но оти има недоречености за главниот проблем -денуклеаризацијата.
-...
ВМРО-ДПМНЕ: Една година по 27 април, живот дојде за луѓето од власта
Една година после 27-ми април, ситуацијата е следна. СДСМ и ДУИ профитираа, а државата и граѓаните губат секојдневно. Животот дојде само за криминалниот картел во власта. Се краде на ангро, а ниту еден граѓанин не живее подобро, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери.
-Отворање на нови работни...
Ѓоковиќ ја одби поканата за настап во Есторил
Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ја одби специјалната покана од организаторот на АТП турнирот од Серијата 250 во Есторил, Португалија.
Србинот одлучи следната седмица да паузира од турнирите и што подобро да се подготви за Мастерсот во Мадрид.
Турнирот во шпанската престолнина е на 6 мај, а потоа ќе настапи на турнир од Мастерс 1.000 серијата во Рим.
Ѓоковиќ минатата...
Во трговскиот во Лисиче жена претепала две малолетни девојчиња
Во текот на вчерашниот ден во 16:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Гаврил Константиновиќ“ поточно во Трговскиот центар Лисиче, Д.Ј.(36) го нарушила јавниот ред и мир со физички напад над две малолетни девојчиња.
На девојчињата им била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.
По целосното расчистување и документирање на настанот...
Анѓушев: Државата мора да ги задржи своите права доколку не се исполнуваат обврските
Владата мора да покаже капацитет да се грижи за правната држава и да ги третира сите економски субјекти подеднакво, да ги поддржи доколку ги исполнуваат своите обврски, но и да ги задржи своите права доколку не ги исполнуваат.
Ова го порача вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на прашањето дали го добил писмото од вработените во Сардич на...








































