Трамп: Ќе ја стопирам работата на Владата
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја стопира работата на федералната Влада во септември доколку Конгресот не обезбеди повеќе финансиски средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико.
- Градбата на ѕидот почна, имаме 1,6 милијарди долари. Тоа прашање повторно ќе го разгледаме на 28 септември и ако не ја обезбедиме безбедноста на границата, нема да имаме...
Кривична пријава против 22-годишен скопјанец поради производство и продажба на марихуана
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето И.Ј. (22) поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
МВР соопшти дека по претходно пронајдените пакувања со наркотична дрога - марихуана во автобус на редовна линија Скопје-Дортмунд, СВР Скопје презема...
Аеродромот „Шипол“ во Амстердам привремено затворен поради немање струја
Аеродромот „Шипол“ во Амстердам утринава беше привремено затворен поради снемување електрична енергија, што ги попречи сите активности на еден од најпрометните аеродроми во Европа.
- Властите наложија затворање на патиштата до „Шипол“, а прекинат е и железничкиот сообраќај поради „безбедноста на патниците“ - се наведува во соопштението од аеродромот.
Аеродромската зграда е преполна со патници, кои чекаат да се отворат терминалите.
Патиштата...
Со осум компании завршени се преговорите за инвестирање
Осум странски компании имаат донесено одлука за инвестирање во Македонија и се чека потврдата од матичните компании за да се потпишат договорите.
Ова го најави премиерот Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа.
- За 10 месеци потпишавме 10 договори со странски инвеститори, а дополнителни осум компании донесоа одлука преговарачките тимови за инвестирање во Македонија и ја чекаат потврдата од...
Ким: Ќе го затворам теренот за нуклеарни проби пред очите на целиот свет
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг - ун изјави за време на самитот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае - ин дека ќе го затвори теренот за нуклеарни проби во својата земја во мај, пред очите на целиот свет, соопшти денеска кабинетот на Мун.
Севернокорејските државни медиуми за време на самитот одржан во петокот јавија дека Пјонгјанг веднаш ќе ги прекине...
Зголемена побарувачка на претпријатијата за кредити во првиот квартал
Во првото тримесечје од годинава забележано е зголемување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити, а банките укажуваат на натамошен раст на побарувачката.
Во анкетата на НБРМ банките посочиле дека на зголемената побарувачка најмногу влијаела потребата од финансирање, односно инвестициите во основни средства, во залихи и обртен капитал и преструктуирање на долгот.
Банките напоменуваат на олеснување на кредитните услови, при што 27...
Заев: Можно решение за името пред самитот на Советот на ЕУ
Мораме да водиме грижа и да бидеме креативни во изнаоѓање на решение за името. Многу е важна временска рамка за носење на одлуките, вели премиерот Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
- Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка...
Протести во Шпанија поради ослободување обвинети за силување
Десетици илјади луѓе демонстрираа во Памплона, северно од Шпанија, за ослободување група муслимани кои беа обвинети за силување.
Според проценките на локалната полиција, околу 35.000 луѓе се собраа на протестот вчера. Протести се одржуваа и претходните два дена.
Петмина жители на Севилја, на возраст од 27 до 29 години, кои себе си се нарекуваат „глутница“, осудени се на девет години затвор...
Надал четврти тенисер на светот со 400 победи
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал стана четврти тенисер во историјата со 400 победи (има 35 порази).
Пред него оваа бројка ја достигнале Томас Мустер (422 победи 127 порази), Мануел Орантес (502 победи и 150 порази) и Гилермо Вилас (659 победи и 162 загубени меча).
Од аспект на победнички процент, Надал е најдобар со 92% успешност, пред Бјорн Борг кој 86% од мечевите...
Над 600 илјади квадратни метри во Македонија се паркиралишта
Над 600 илјади метри квадратни изнесувала површината на паркиралиштата и гаражите во Република Македонија во 2017 година.
Државниот завод за статистика објави дека бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање, изнесува 195 со површина од 607. 402 m 2 .
Според обработените податоци, 21.290 места за паркирање се на отворен простор, 2.184 места за паркирање има во покриените гаражи, додека во катните...








































