Путин: Русија е подготвена да помогне во соработката меѓу Сеул и Пјонгјанг
Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин истакна дека Русија е подготвена да помогне во соработката меѓу Северна и Јужна Кореја, пред се за трилатералната инфраструктура и енергетските проекти на Корејскиот Полуостров.
- Потврдена е подготвеноста на Русија и понатаму да помага во воспоставувањето на соработка меѓу Северна и Јужна Кореја - се наведува во...
За еден ден регистрирани над 70 шумски пожари во источна Русија
Повеќе илјади луѓе и десетина канадери се обидуваат да изгаснат над 70 пожари, што избија во последните 24 часа во источна Русија.
Пожарите уништија 187.000 хектари шума и нискостеблести растенија.
Од огнот најпогодена е областа Амур.
Во гаснењето на пожарите учествуваа 2.800 пожарникари со 495 возила и 25 канадери.
Тепачка на бензинска на булевар „Борис Трајковски“
Три лица вчера физички се пресметале при точење гориво на бензинска пумпа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка на бензиска пумпа на булеварот „Борис Трајковски меѓу В.Г.(27) и М.З.(21) од една страна и М.Ј.(36) од...
МВР вклучена во потрагата по двајцата косовски полицајци
Македонската во координација со косовката полиција трага по двајцата полицајци од Косово кои синоќа со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата.
Како што изјавија од МВР, се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата.
- Веднаш штом ќе имаме нови инфомации ќе ја известиме јавноста - рече портпаролот...
Татко и син приведени откако нападнале полицајци во Ресен
Татко и син од Ресен се приведени синоќа откако нападнале неколку полициски службеници кои вршеле увид во сообраќајка во која учествувал синот.
Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа околу 23,50 часот на улицата „Борис Кидрич“, додека полициските службеници од Полициската станица Ресен вршеле увид на претходно случена сообраќајна незгода, во која учесници биле Т.А. од с.Болно и Б.М.(18)...
Маскирано и вооружено лице ограбило казино во Центар
Непознато маскирано лице со закана со пиштол во Казино во Скопје од двајца вработени одзело сума на пари од околу 65.000 денари, по што го напуштило местото на настанот.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 22,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, а се случил на улицата „11-ти Октомври“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Двајца работници повредени при експлозија на машина
Две лица се повредени вчера при експлозија на машина во фабриката „Виталија“ во скопската населба Ќерамидница. Кај други две лица е констатиран само стрес.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 10,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Г.С. пријавил дека во населбата Ќерамидница на ул.„516“, во погон на фирмата „Виталија“, настанала експлозија на машина - печка на...
Турските власти уапсија 160 нелегални мигранти кај Чанаккале
Вкупно 160 нелегални мигранти вчера се притворени во регионот Чанаккале во северозападна Турција, објави агенцијата Анатолија, цитирајќи извори од безбедносните сили.
Во една акција полицијата уапсила 40 илегални мигранти, пронајдени во камион во областа Ајваџик. Мигрантите сакале да стигнат до грчкиот остров Лезбос.
Подоцна, на градилиште во истиот регион, се уапсени уште 120 илегални мигранти.
Мигрантите се од Сирија, Сомалија, Пакистан, Авганистан,...
Меѓународниот ден на танцот
Со современ танцов перформанс, кореографите Искра Шукарова од Македонија и Урсула Еагли од САД заедно со студентите од катедрата за современ танц при Факултетот за музичка уметност вечер ќе го одбележат Меѓународниот ден на танцот-29 Април. Настанот ќе почне во 20 часот, најпрвин во фоајето, а потоа ќе продолжи во камерната сала на Македонската филхармонија.
Оваа вечер има за цел да направи пресек на уметничкиот...
Битолски весник одбележа 54 години од првиот број
На 29 април, пред точно 54 години, во далечната 1964 година, во предвечерието на празникот на трудот, 1 Мај, излезе првиот број на Битолски весник.
По повеќе неуспешни обиди да се издаде градски весник, група ентузијасти и вљубеници во пишаниот збор во Битола, на 29 април 1964 година го издадоа првиот број на Битолски весник.
Оттогаш цели 54 години Битолски весник...








































