Бизнисот со лажни дипломи во подем, високото образование во пад
Иако според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на дипломирани студенти минатата година е зголемен за 3,6 отсто во однос на 2016 година, а доктори на науки станале 209 граѓани, што е за 6,1 отсто повеќе од предминатата година, сепак, најдобриот македонски универзитет на Шангајската листа, УКИМ, не е меѓу првите 500 најдобро рангирани универзитети
Кога се зборува за...
Влада на РМ: Медиумските шпекулации не придонесуваат за изнаоѓање решение за името
Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на РМ.
Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат за оваа стратешка цел од национален интерес, велат од македонската Влада во врска со шпекулациите пласирани од регионални медиуми.
Најаважно е, како што посочуваат од Владата, да се постигне квалитетно и...
Внесете пролетни бои во вашиот дом
Пролетта е единственото годишно време, кое како ниедно друго во нас буди желба за креирање, создавање и за промени. Ова е идеално време за освежување на домот користејќи бои низ елементите на мебелот, текстилот или бојата на ѕидовите.
При изборот на боите во домот, најпрво е потребно да одберете базна боја. Препорачливи се сивата во различни тонови, крем-бојата или боја...
Како Водно од шума стана џунгла
Белите дробови на Скопје се под градежна опсада - гасовод, згради и разни објекти ја узурпираат скопската планина, а тоа сепак не било така отсекогаш. Скопски хроничари, екологисти и познавачи на состојбите од оваа област се огласија за промените што ѝ се случуваат на планината и ги потсетуваат надлежните за штетата што би се предизвикала доколку несовесно се продолжи...
„Гостите“ само двапати освоиле трофеј
Досега сите титули ги oсвоија селекции од Европа или од Ј. Америка (11-9), но кога СП се играло во Европа само еднаш славела селекција од Ј. Америка (Бразил во 1958) и обратно (Германија во 2014-та)
На светските фудбалски првенства досега учествувале над 60 репрезентации, а домаќини биле земјите од Европа (10 пати, заедно со Русија годинава), Јужна Америка (пет пати),...
МТФ„Војдан Чернодрински“: Вечерва настапуваат Битолскиот театар со Доктор Фауст“ и Прилепскиот со „Клетници“
Втор ден од 53-то издание на МТФ„Војдан Чернодрински“, кој синоќа започна во ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп. Денеска напладне ќе се одржи трибината „Театарската критика денес“, за вечерва да бидат прикажани две претстави во официјална конкуренција.
Од 19.30 во ЦК„Марко Цепенков“, Битолскиот театар ќе ја изведе „Доктор Фауст“ во режија на Андраш Урбан, а од 22.00 часот домаќинот театарот„Војдан...
Македонија тргнува кон шестиот мундијал
Првиот бараж-дуел за пласман на СП 2019 со Романија е утре од 20.30 часот во Скопје
Со одигрувањето на синоќешните дуели Литванија - Исланд и Чешка - Русија почна трката за осумте слободни места за европските селекции на Светското првенство в година во Германија и во Данска. Противник на Македонија за пласман на 26-от ракометен мундијал ќе биде репрезентацијата на...
Четири куриозитети за самитот на Г7
1. Канада, запознај го Трамп (и обратно)
Oткако Роналд Реган беше избран во 1980 година, сите американски претседатели имаа неофицијална традиција Канада да биде нивната прва странска дестинација како потстанари на Белата куќа.
Џорџ Буш ја прекрши традицијата кога отиде во еднодневна посета на Мексико, но веднаш потоа отиде на северот на Самитот на Америките во Квебек во 2001 година.
Доналд Трамп...
Од Г7 до Г6 + Трамп
Наместо да се демонстрира единство меѓу седумте индустриски најразвиени земји во светот, дводневниот самит во Канада лесно може да се претвори во средба на која шест лидери на Г7 ќе го изразат незадоволството кон Трамп, кој успеа да ги налути сојузниците со неодамнешната одлука да воведе високи царини на увозот на челик и на алуминиум
Канадскиот премиер Џастин Трудо од...







































