Анкета: И во Германија не се задоволни од бизнис климата

Индексот за бизнис клима, пресметан врз основа на анкетата на Институтот за економија во Минхен, Ифо, во јуни е намален  на 101,8 поени, споредено со 102,3 поени од мај, се наведува во соопштение на тој институт, објави Танјуг. Компаниите во Германија се помалку се задоволни од актуелната бизнис ситуација, но, сепак, нивните деловни очекувања во врска со изгледите за наредните...

Словачка: ЕУ мора да отвори преговори со Македонија

Иван Корчок, државниот секретар за надворешни работи на Словачка порача дека Македонија мора да добие преговори со ЕУ. - Позицијата на Словачка е апсолутно јасна: преговори мора да се отворат за Македонија. Тие го решија спорот за името, се согласувам со Европската Комисија дека прогрес е направен внатрешно во оваа земја, бев во Скопје и апсолутно ќе поддржам отворање- рече...

Нови рочишта за „Траекторија“, „Тарифа“ и „Труст“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, „Тарифа“ и „Труст“. Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на...

Трамп ја критикуваше компанијата „Харли Дејвисон“

Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше американскиот производител „Харли Дејвисон“, кој најави дека поради зголемување на трошоците по новите европски царини, ќе го премести производството за европскиот пазар од САД во странство. Целта на преселувањето на производството во странство е да ги избегне царинските бариери на ЕУ. Surprised that Harley-Davidson, of all companies, would be the first to wave the...

Родителите мигранти нема да бидат кривично гонети

Родителите кои со децата нелегално ќе ја преминат границата меѓу Мексико и САД, засега нема да бидат кривично гонети, и покрај ветувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе продолжи со политиката на „нулта толеранција" за илегалната имиграција, изјави шефот на Агенцијата на САД за царина и заштита на границите Кевин Мекалин. Тој изјави дека агенти задолжени за контрола на...

Бибер: Франција ризикува да стане нова Грција за Македонија

Евентуалното вето од Франција за почеток на преговорите со Македонија ќе го загрози договорот со Грција и ќе ги минира реформските напори на земјите од регионот, оценува австрискиот политички аналитичар Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и координатор на Европската советодавна група за Балканот. - Тоа ќе биде удар за реформската политика на Балканот. Франција ќе стане новата Грција...

Стразбур забрани пушење во јавни паркови и градини

Градскиот совет на Стразбур одлучи да забрани пушење во сите јавни паркови и градини, што е првпат во Франција, објавија француските медиуми.  Забраната стапува во сила на 1 јули и беше усвоена едногласно од општинскиот совет, кој сака да се спротистави на растечката употреба на тутун и на последиците врз животната средина, безбедноста и здравјето на луѓето, се вели во...

Одбројување до одлуката на Советот на ЕУ за преговорите со Македонија

Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија. Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, вчера, ден пред клучниот состанок на ЕУ-министрите, повторно ги повика земјите членки да го наградат како што оцени импресивниот напредок на Македонија, наведувајќи го...

Гватемала побара помош од САД за мигрантите заради ерупции на вулканот Фуего

Гватемалските мигранти во САД треба да добијат привремена заштита од депортација поради неодамнешните ерупции на вулканот Фуего, побараа официјални претставници на Гватемала. Претседателот Џими Моралес напиша на Твитер дека го повикал Министерството за надворешни работи да побара од САД привремена заштита на мигрантите од Гватемала. - Барањето се должи на несреќата со вулканот Фуего- изјави портпаролка на Министерството за надворешни работи. Фуего...

Армиски Летен кампус на АП „Криволак“

Во Центарот за обука „Пепелиште“ на армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе започне деветтиот „Летен кампус 2018“ на кој ќе учествуваат 116 питомци од 11 земји од кои поголемиот дел членки на НАТО. Овој меѓународен проект, кој за отворен ќе го прогласи заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, има за цел да ја доближи комплексноста на идните предизвици во...