Зголемен интерес за субвенциониран годишен одмор кај работниците со ниски примања
Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е семејството на работникот што аплицира, да нема месечни приходи поголеми од 22.000 денари. Минатата година за оваа владина мерка имало 1.100 апликации
Вкупно 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор од пријавените над 1.900 на огласот од втори април до 31 мај годинава.
Како што истакна министерот...
Продолжува вртоглавиот пад во градежништвото
Заради запирање на овој погубен тренд во еден од најважните сектори за економијата на секоја држава, од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија апелираат до надлежните институции во идниот период да се најдат решенија со кои ќе се зајакне поддршката на градежните фирми што се препознатливи по својот квалитет и имаат стекнато референции да работат и вршат...
ЕУ се уште без одлука за старт на преговори
Франција и Холандија продолжуваат да се противат за старт на преговори во овој момент со Македонија. Париз и Амстердам, во страв дека било каков почеток на преговори со нови земји кандидати би имало негативен ефект врз нивната домашна јавност, би сакале стартот на преговори со Скопје и Тирана да се одложи до после европските избори на пролет 2019, велат...
„Пензионер плус“ одбележува 10 години постоење
Весникот „Пензионер плус“ и веб-страницата на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ) одбележуваат 10 години од излегувањето. По овој јубилеен повод, на 26 јуни ќе се одржи свечена седница. „Пензионер плус“ се печати веќе десет години и е бесплатен весник, кој го издава Сојузот на здруженија на пензионери. Иницијатор за негово основање и печатење е претседателот на...
Иванов тврди дека не блокира назначување амбасадори, се залага за професионални кадри
Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантира тврдењата на Дипломатскиот клуб Скопје за блокада на назначување шефови на дипломатско-конзулрните претставништва на Македонија.
- За сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно...
Се подобрува водоснабдувањето во Виница
Во општина Виница во тек се градежни активности што ги реализира комуналното претпријатие „Солидарност“ за да обезбеди дополнителни количини вода за пиење за дел од жителите на градот и населените места.
Покрај постојните извори за јавната водоводна мрежа, при крај е поврзувањето на изворот Дончово Кладенче со што во текот на летниот период ќе се избегне недостигот од вода во...
Фаворит е оној што ќе си ја заврши зададената домашна задача
Франција е единствената земја што се противи на Македонија месецов да ѝ се одреди датум за почеток на преговорите. Во обид да се убеди Франција, во неделата реагираше и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој побара од Париз да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ
Европската иднина на балканските земји неделава е главна тема...
Во судницата пуштени 30-ина „бомби“ за „Траекторија“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска на рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30-ина „бомби“ од разговорите за договарање како да се спроведат правните процедури со кинеските компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид во периодот јануари 2013 година.
Во разговорите најмногу се слушаа разговорите на поранешниот министер за транспорт и врски...
Влада: Одлуката на Иванов очекувана, продолжуваме со имплементација на договорот за името
Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана, но не влијае на имплементацијата на договорот.
- Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Република Грција веќе ги...
Индија е најопасна држава во светот за жените
Индија е најопасната држава за жените, со висок ризик од сексуално насилство и подложност на ропски труд. Ова го покажа истражувањето на експерти од цел свет, кое беше објавено денеска.
На второ и трето место во светот се Авганистан и Сирија, се наведува во истражувањето на Фондацијата „Томсон-Ројтерс", во кое учествуваа околу 550 експерти за проблемите на жените.
На четврто и...






































