Ќе ја читаме „Лисица“ од Угрешиќ на македонски
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на книгата „Лисица“ од хрватската писателка Дубравка Угрешиќ, која пред десетина дена беше прогласена за Роман на годината во Хрватска. Преводот на македонски е на Кристина Велевска. Делото „Лисица“ од првата дама на бившојугословенската книжевност Дубравка Угрешиќ е роман, автобиографија, патопис - и многу повеќе од тоа.
Авторката на духовит начин се пресметува со...
Сертификат „Фер со потрошувачите“ ќе добијат 46 компании
Подобрување на односот производител-потрошувач, зголемување на довербата меѓу двете страни и поголема конкурентност на компаниите на домашниот и на странскиот пазар се придобивките од добивањето на сертификатот насловен „Фер со потрошувачот“.
Ова е целта на денешната промоција на проектот пред прилепските стопанственци за сертифицирање како гаранција за квалитетот на производите и услугите што им ги нудат на македонските потрошувачи.
Проектот се...
Најстариот плакат е од 1955-та за изложбата на Хенри Мур
Вечерва во 20 часот во објектот „Мала станица“ при Националната галерија на Македонија ќе се отвори изложбата „Плакатот во Националната галерија на Македонија“.
- Во текот на седумдецениското постоење на оваа Национална установа, во годината кога го прославуваме овој значен јубилеј, горди сме што првпат ги изложуваме плакатите што биле дизајнирани по повод сите изложби низ повеќе децении, поточно опфаќаат...
„Бикини Мун“ на Манчевски имаше азиска премиера во Шангај
Новиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, имаше азиска премиера на Филмскиот фестивал во Шангај, Кина, еден од најголемите фестивали во Азија. Премиерата беше изминатиот викенд во селекцијата „Ново од авторите“.
Режисерот Манчевски беше присутен во Шангај за премиерата по која имаше разговор со публиката. Како специјален гостин, на затворањето на фестивалот учествуваше и во врачувањето на...
Британецот Данкан Хигинс ќе изложи 1.000 минијатури од архипелагот Соловки
Изложбата носи наслов „Долу на фармата“ и е резултат на истражување и на 14 години уметничко творештво на уметникот во северна Русија, особено на архипелагот Соловки
Во Музејот на градот Скопје, вечерва, во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од Данкан Хигинс, ликовен уметник од Шефилд, Обединетото Кралство. Тој е професор по ликовна уметност на академијата за уметност...
Од субвенциите најголем ефект има во сточарството
Да се поедностават процедурите за апликација за да не се пролонгираат роковите и субвенциите да се плаќаат на време за да се искористат за реинвестиции на фармите, да се размислува за поддршка на малите земјоделци со површини под еден хектар на кои отпаѓаат речиси 60 отсто од вкупниот број во државата и да се поттикне производството согласно барањата на...
Независни Грци загубија уште еден пратеник
Пратеникот Јоргос Лазаридис, денеска соопшти дека си заминува од неговата партија Независни Грци. Причините за оваа одлука официјално не се познати, но грчките медиуми шпекулираат дека Договорот за името е главната причина Лазаридис да стане независен пратеник.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во случај тој да не го отстапи неговото место на друг член од Независни Грци...
Се договара мисија на Фронтекс за справување со мигрантите
Црногорскиот весник „Вијести“ јавува дека Владата усвоила предлог за почнување преговори со Европската Унија за припадници на европската гранична мисија Фронтекс да се распоредат на црногорските граници.
Целта на овој предлог е да се затвори новата западнобалканска маршрута во случај на зголемен наплив на мигранти. Маршрутата преку Македонија, која беше затворена во 2016 година, сега во помал обем функционира преку...
Нема згрижувачки семејства во Гостивар
Во Гостивар моментално не постои ниту едно згрижувачко семејство каде би се нашло дете без родители. Поради тоа социјалните работници се обидуваат во рамки на кампањата „На секое дете му треба семејство“ во градот да ја променат таа состојба.
На 13-ти јули предвиден е посебен настан преку кој ќе се испрати порака дека секое дете без родителска грижа треба да...
Дачиќ: Разговорите меѓу Вучиќ и Тачи се тешки и напнати
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека разговорите меѓу Србија и Косово, кои се одржуваат под покровителство на Европската Унија, се одвиваат тешко и во напната атмосфера.
- Нашите позиции се доста далеку. Сепак мислам дека и нашата делегација, но и претставниците на Приштина, ја разбираат важноста од продолжувањето на дијалогот и се надевам дека и другата страна...






































