Музика од Моцарт во Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечер повторно ќе го изведе „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, едно од најкрупните дела во класичната музика. Под диригентство на маестро Емил Табаков од Бугарија, делото на Моцарт ќе биде изведено на симфонискиот концерт „Requiem Aeternam“ од страна на оркестарот на Македонската филхармонија, хорот при Факултетот за музичка уметност подготвен од маестро Сашо Татарчевски и од солистите...

Танцот на медузите

Групирањето на илјадници медузи во водите покрај брегот на Алјаска е прикажано во видеото насловено како „експлозија од медузи“, на „Нешнл џиографик вајлд“.   

Десет случаи на туберкулоза последниве три години во Крива Паланка

Во период од три години, од 2015 до 2017 година на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце регистрирани биле десет случаи на лица заболени од туберкулоза, информираат од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба пир Центар за јавно здравје, Крива Паланка. Според статистиките на Центарот за јавно здравје, во изминатите три години од вакцинопревентабилни заболувања во двете општини регистрирани се 14 случаи, од кои најмногу...

Недела на современ полски филм во Кинотека

Недела на современ полски филм почнува вечерва во Кинотека на Македонија со проекција на филмот „Ноќен воз“ во режија на Јежи Кавалерович. До 9 мај ќе бидат изложени и плакати од значајни полски филмови, а посетителите ќе можат да погледнат уште пет филмови. На програмата се филмовите: „Ракописот од Сарагоса“ режиран од Војчек Хас, „Ветената земја“ од Анджеј Вајда, „Нож...

Лозар каснат од змија

Шеесет и шестгодишен неготинец бил каснат од змија утрово додека работел во лозјето. Лицето примило серум и со службено возило било пренесено во кавадаречката болница, каде било задржано.  Пред неколку дена, неготинка исто така беше касната од змија додека работела во лозовиот насад.  Познавачите на состојбите велат дека во овој период од годината змискиот отров е најсилен.  Според хирургот Дано Кулев, по...

Десет сообраќајки во Скопје за едно деноноќие

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и пет  возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло и еден возач за неправилно престројување. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Со тешки телесни повреди се здобиле еден мотоциклист, еден сопатник на...

Ерупција на вулкан на Хаваите, евакуирани 10.000 жители

Најмалку 10.000 луѓе се евакуирани откако вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше, јавуваат американските извори. Геолозите на почетокот на неделата забележаа повеќе од 250 земјотреси за само 24 часа, предизвикани од уривањето на кратерот во источниот дел на вулканот. Властите кон средината на неделата наредија евакуација, заради закана од ерупција на вулканот. Предупредија и на можни потенцијално смртни концентрации на сумпур диоксид. На...

Триесет и осум години од смртта на Јосип Броз Тито

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. На денешен ден пред 38 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито (1892-1980). Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Тој беше еден од основачите на...

Oдбележување 115 години од смртта на Гоце Делчев

Во Македонија денеска се одбележуваат 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. По тој повод  делегација на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот  Зоран Заев  ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети...

Сончево време со температура до 29 степени

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната температура од 22 до 29 степени. Во Скопје претпладне сончево, а попладне со умерена облачност и услови за...