Прасето Пепа во Кина прогласено за мрзлив и опасен лик

Кинеската интернет-платформа „Довин“ ги отстрани клиповите на британскиот цртан филм „Прасето Пепа“, бидејќи е оценето дека овој лик станал икона на мрзливоста и на антисоцијалната младина. Најмалку 30.000 видеоклипа се отстранети од популарната платформа, а на сајтот е забранет хаштагот #PeppaPig, пишува весникот „Глобал тајмс“. Според документите што ги цитираше весникот, цртаниот филм на Би-би-си е цензуриран на истиот начин...

Твитер советува: Променете ги лозинките

Корисниците на Твитер се советуваат да ги сменат своите лозинки, соопшти компанијата. Оттаму вчера известија дека неодамна е откриен тн. „баг" којшто ги чувал лозинките во незаштитена форма, но и оти нема индикации дека имало злоупотреба на лозинки. Сепак, на корисниците им се препорачува да ги променат своите лозинки, посебно ако ја користеле и за други сервиси. Твитер ги штити шифрите така...

Филмскиот серијал „Брзи и бесни“ ќе стане анимирана серија

„Нетфликс“ најави дека ќе се снима анимирана серија според акцискиот филмски серијал „Брзи и бесни“, која ќе ги следи доживувањата на млад роднина на главниот лик Дом. Тони Торето е тинејџер, подалечен роднина на ликот што во филмовите го игра Вин Дизел, а серијата ќе ги долови доживувањата на неговите другари, чиј лидер е тој, кои ќе се инфилтрираат во...

ФБИ го прислушувале адвокатот на Трамп

Повикувајќи се на две лица запознаени со правната постапка против Коен, Ен-Би-Си њуз наведува дека не е познато колку долго федералните иследници биле овластени да ги прислушуваат разговорите на Коен, но дека тоа се случувало со недели пред упадот во неговата канцеларија, хотелска соба и куќа, на почеток на април.  Американски федерални иследници ги прислушувале телефонските линии на долгогодишниот адвокат...

Бил Гејтс ќе и подари на својата ќерка ранч вреден 16 милиони долари

Ќерката на американскиот милијардер Бил Гејтс, која наскоро ќе дипломира на престижниот американски универзитет „Стенфорд“, како подарок за дипломата ќе добие ранч од 16 милиони долари на кој ќе може да тренира јавање. Џенифер Гејтс по дипломирањето планира професионално да се посвети на натпреварите во јавање. Поради тоа нејзиниот татко се одлучи за ваков подарок и купи фарма со коњи во...

Посебен сообраќаен режим за време на „Виз Ер Скопски Маратон 2018“

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во недела на дел од скопските улици поради одржувањето на претстојниот „Виз Ер Скопски Маратон 2018“. Сообраќајната полиција ги информира граѓаните дека ќе биде забранет сообраќајот по улиците каде што ќе се трча. Имено, за трката на 5.000 метри предвидена е следната траса на движење: преку плоштад Македонија, преку Камени мост лево покрај...

Експлозија на градилиште во Анкара, еден загинат

Еден работник загина, а тројца се повредени во неконтролирана експлозија на динамит при изведување градежни работи во Анкара, јави Си-Ен-Ен Турк.. Според истиот извор, инцидентот се случил рано утринава во областа Алтиндаг. Во областа на инцидентот испратени се амбулантни и противпожарни возила.

Козби и Полански исфрлени од Aмериканската филмска академија

Управниот одбор на Американската филмска академија, која го доделува престижниот Оскар, ги отфрли од членство Бил Козби и Роман Полански кои се осудени поради сексуални деликти. Американската филмска академија во четвртокот објави дека нејзиниот одбор на директори се состанал во вторникот вечерта и гласал за нивниот статус во согласност со стандардите на однесување, објави АП. Режисерот и актер Роман Полански во...

Мостот на Крива Река во Довезенце шест години стои паднат

Жителите на кумановското село Довезенце поради паднатиот мост на реката Крива Река која што селото го дели на два дела во последните шест години мака мачат во меѓусебната комуникација но и при извршувањето на секојдневните обврски и потреби. Инаку селото Довезенце кое се наоѓа на 25 километри од Куманово во правецот кон Крива Паланка, во непосредна близина на селото...

Поранешен директор на Фолксваген обвинет за улогата во „дизелгејт“

Обвинение против поранешниот извршен директор на Фолксваген, Мартин Винтеркорн покрена Федералното обвинителство од Детроит поради заговор за кршење на Законот за чист воздух и за измама во врска со скандалот за емисиите на штетни гасови кај дизел возилата произведени од германската компанија. Според обвинителството, Винтеркорн знаел дека софтверот на дизел автомобилите регистрира емисии на потрошено гориво како...