„Фолксваген“ ќе влезе ерата на електрични автомобили со ново лого
Тркалезното лого на компанијата „Фолксваген“ е еден од најпрепознатливите знаци, не само во автомобилската индустрија, туку и како еден од симболите на 20-от век.
Но, германската компанија во блиска иднина планира да го прилагоди своето лого за новата ера на електрични автомобили.
Агенцијата „Блумберг“ наведува дека директорот за маркетинг на „Фолксваген“, Јохен Сенгпил, соопштил дека новото лого ќе дебитира уште следната...
Буфон ќе преземе функција во италијанската репрезентација?
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, по повлекувањето од активната играчка кариера ќе преземе функција во италијанската репрезентација.
Како што наведуваат италијанските медиуми тој ќе се пензионира на крајот од сезоната, иако официјално тоа се уште не е потврдено.
Голманот најверојатно последниот натпревар во дресот на Италија ќе го одигра на четврти јуни против Холандија во Торино.
Според италијанските медиуми на Буфон му...
Американски командоси ѝ помагаат на Саудиска Арабија против хусите?
Американски командоси кон крајот на минатата година биле распоредени во Саудиска Арабија на границата со Јемен, за да помогнат за откривање и уништување на магацини со проектили на шиитските бунтовници хуси во соседната земја, тврди весникот „Њујорк тајмс“.
Според американскиот весник, кој се повикува на претставници на властите во САД и европски дипломати, овие војници од специјалните единици пристигнале во...
Смртта, даноците и головите на Диего Коста против Арсенал
Менаџерот Арсен Венгер предупредуваше за опасноста од Диего Коста, навивачите на лондончани стравуваа од него, а Арсенал не успеа најде решение за одличниот фудбалер, чиј гол го одведе Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа, по реваншот од полуфиналето против „топчиите“ 1-0, одигран вечерва во Мадрид (вкупни 2-1 во двомечот).
Коста го постигна неговиот четврти гол во седум одиграни средби...
Курдски пратеник во турското Собрание осуден на осум години затвор
Турски суд денеска го осуди пратеникот во Собранието на Турција од редовите на курдската Народна демократска партија (ХДП), Абдулах Зејдан, на осум години затвор, под обвинение за тероризам.
Судот за тешки кривични дела во Дијарбекир го прогласи Зејдан за виновен по обвиненителниот акт за „помагање на терористичка организација на која не е член“, како и за „ширење на терористичка пропаганда“.
Турските власти...
Јункер ја повика Белгија да им даде државјанство на Британците вработени во ЕУ
Белгија треба да покаже великодушност кон членовите на персоналот на ЕУ, кои се британски државјани и аплицирале за белгиско државјанство поради Брегзит, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Во услови кога до Брегзитот останува помалку од една година, многу британски државјани, вклучувајќи и лица кои работат за различни органи на ЕУ, се во процес на добивање државјанство на...
Рахој: ЕТА не може да се извлече без казна
Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изјави дека сепаратистичката организација ЕТА, која вчера објави дека се распушта, не треба да се надева на амнестија за извршените злосторства.
- Што и да напарави, ЕТА не може да се извлече без казна... Ништо не и должиме и нема за што да и бидеме благодарни, посочи Рахој.
ЕТА - „Euskadi Ta Askatasuna“ што на баскиски...
МЗТ Скопје славеше во дербито со Работнички
МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 80:76 во претпоследното, деветто коло од Супер лигата. За тимот од Аеродром ова е прва прволигашка победа над вечниот ривал сезонава.
Работнички добро го започна натпреварот, но МЗТ брзо се врати во игра и првата четвртина ја заврши во своја корист 24-22.
„Штрковите“ во втората четвртина преземаа иницијатива, но Работнички не...
Најмалку 116 загинати во песочни бури во Индија
Најмалку 116 лица загинаа, а над 140 се повредени во налетите на песочни бури, кои погодија неколку индиски сојузни држави.
Силните ветрови, кои на места достигнале брзина и до 130 километри на час, предизвикале прекин во снабдување со електрична енергија, уривале дрва и ѕидови и уништувале куќи и сточен фонд.
Од песочната бура најтешко се погодени сојузните држави Утар Прадеш, Раџастан...








































