Унгарските власти сакаат со Устав да забранат прием на мигранти во земјата

Шефот на пратеничката група на унгарската владејачка конзервативна партија ФИДЕС, Мате Кочиш најави дека планираат да иницираат промени на Уставот на Унгарија, со што би обзбедиле гаранции дека Европската унија не ќе може да ја натера земјата да прима мигранти. Унгарија, заедно со уште неколку источноевропски членки на ЕУ, се противи на плановите на Брисел за прераспределба на мигрантите пристигнати...

Пентагон размислува за повторно отворање на затворот во Гвантанамо

Министерството за одбрана на САД соопшти дека изработило предлог-документ во кои се наведени услови за повторно отворање на затворот во американската воената база Гвантанамо на Куба, каде би биле задржувани лица осомничени за тероризам, - Министерството за одбрана до Белата куќа достави предлог-критериуми за испраќање на поединци кои претставуваат континуирана и серизона закана по безбедноста на САД, на отслужување затворски...

Трамп ја смени приказната за аферата со порно-ѕвездата Сторми Даниелс

Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени приказната, признавајќи оти ѝ платил 130 илјади долари на порно-ѕвездата Сторми Даниелс, a порача дека имале договор за доверливост „што ќе ги спречи лажните обвинувања во врска со аферата од нејзина страна“, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“. Оваа информација е спротивна на претходните тврдења на американскиот лидер, кој досега порачуваше оти „не знаел ништо во врска со...

Собраниска расправа за паралелниот увоз на лекови

Собранието вечерва го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински отпад, во прво читање, со кои, според ресорниот министер Венко Филипче, ќе се обезбедат квалитетни лекови за граѓаните преку паралелен увоз. Според Предлогот, за да добие одобрение за паралелен увоз одредена веледрогерија или здравствена установа до Агенцијата за лекови и медицински средства најпрвин мора...

Осуден турски карикатурист награден по повод Светскиот ден на слобода на печатот

Турскиот карикатурист Муса Карт, кој е осуден на повеќе од три години затвор, денеска ја освои Меѓународната награда за цртеж во печат. Наградата се доделува на секои две години на истакнати карикатуристи, особено на оние кои работат во услови на авторитарните режими. Карт од опозицискиот весник „Џумхуриет“, беше еден од 14 соработници на весникот, кои добија казни затвор од 2,5 до...

Предлог-законот за енергетика доби поддршка од Собранието

Предлог законот за енергетика, во прво читање, попладнево доби поддршка од Собранието, кое препорача да биде проследен во натамошна процедура. Со Предлог-закон за енергетика се врши усогласување со законодавството на ЕУ, со цел да има пренос и диструбуција на електрична енергија за сите. - Целта на овој закон е и да се заштитат правата на потрошувачите на електрична енергија и на...

Пронајдено телото на еден од двајцата исчезнати косовски полицајци во Лепенец

По петдневна потрага, попладнево нешто по 16 часот, во водите на Лепенец е пронајдено телото на еден од двајцата косовски полицајци, кои се водеа како исчезнати откако возилото во кое се наоѓаа заврши во реката. - Телото е пронајдено на пет километри од местото на несреќата. Телото се уште не е идентификувано, соопшти Агим Гаши, портпаролот на регионалниот полициски комесаријат во...

ЕУ ќе проверува дали Косово ги исполнува условите за визна либерализација

Тим од Европската унија денеска пристигна во тридневна посета на Косово, за да утврди дали земјата ги исполнува критериумите за визна либерализација за косовските граѓани при патување во ЕУ, јави косовската телевизија РТК. Косовската министерка за европски интеграции Дурата Хоџа изјави дека Косово направило се што е потребно и изрази уверување дека нејзината земја ќе добие позитивна оценка на крајот...

Лампард подготвен да стане тренер

Поранешниот репрезентативец на Англија, Френк Лампард е подготвен да ја преземе улогата на тренер, но ја чека вистинската можност. Триесет и деветгодишниот поранешен играч од средниот ред на Челси веќе го завршил своето тренерско образование и го полагал практичниот испит на „Стемфорд Бриџ“. Медиумите на островот го поврзуваат со слободниот пост во Ипсвич Таун, кој настапува во Чемпионшип дивизијата. - Поминав...

Ерменија очекува да добие нов премиер во вторник

Лидерот на ерменската владејачка Републиканска партија, Вахрам Багдасарјан изјави денеска дека земјата ќе добие нов премиер на 8 мај и неговата партија ќе го поддржи било кој кандидат, вклучувајќи го и опозицискиот лидер Никола Пашињан, доколку тој кандидат ја има поддршката на една третина од пратениците. Багдасарјан ја даде својата изјава по средбата со опозицискиот пратеник Пашињан, кој ги предводеше...