Петмина ранети во пукотници во Сан Диего

Пет лица се ранети во два оружени инцидента во Сан Диего, јави АП. Полицијата на Сан Диего соопшти дека две лица рано утрово застрелале три мажи и жена, додека петтото лице е рането во близина. Меѓу повредените двајца се потешко ранети, но не се во животна опасност. Локалната полиција верува дека двајцата осомничени се одговорни за двете пукања. Не е јасен мотивот за...

„ДеликАРТесна продавница“ во Францускиот институт

Францускиот институт во Скопје и Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје вечерва во 18 часот ја отвораат изложбата „ДеликАРТесна продавница“ во просториите на Францускиот институт, кој преку оваа манифестација го продолжува циклусот „ИН Витрини“ во рамките на кој се претставија школата за стилизам и моделизам „Изет Цури“ и Институтот за моден дизајн при Технолошкиот факултет...

Филмови на Жан-Пјер Мелвил во Кинотека

Два филма на Жан-Пјер Мелвил (1917-1973) ќе се прикажат месецов во Кинотеката на Македонија. Во четврток во 20 часот е проекција на неговиот „Армија на сенки“ (Франција/Италија, 1969 г.), според романот на Џозеф Кесел, со Лино Вентура, Пол Мерис, Жан-Пјер Касел, Симон Сињоре во главните улоги. - Мелвил е еден од оние филмски автори, кои, како „обични“ луѓе, се соочиле...

МОБ ја враќа „Боеми“ за отворањето на „Мајски…“

На фестивалот до крајот на месецот освен „Боеми“, публиката ќе има можност да ги чуе и оперите „Тоска“, „Змејот од Босна“, „Турандот“, оперски гала-концерт и традиционално на затворањето, Вердиевата „Аида“ Под мотото „Го славиме Пучини“ утревечер со изведба на операта „Боеми“ ќе се отвори 46-то издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Во реализација на оваа опера од Пучини учествува целосно...

БЕГ останува и во наредната сезона да дистрибуира топлинска енергија во Скопје

Балкан енерџи груп (БЕГ) е во стабилна состојба. Нема промена во сопственичката структура. Останува и во наредната грејна сезона да ја дистрибуира топлинската енергија до потрошувачите во Скопје и уверува дека се подготвени за тоа. Ова го истакна генералникот директор на БЕГ АД Димитар Кочовски на денешната средба со новинарите по повод пет години Балкан енерџи груп. - Нема отворена стечајна...

Шчербак: За добри односи меѓу Русија и Македонија се потребни двајца

Искрено сакаме односите помеѓу Македонија и Руската Федерација да се унапредуваат успешно, конструктивно, во духот на соработката, заемното разбирање и рамноправност, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олек Шчербак при неговата посета на Прилеп. - Русија и Македонија се две пријателски држави кои се поврзани со вековни историски и духовни врски. Во голем дел имаме заедничка култура, во голем...

Џек Смит нов специјален обвинител

Европската Унија го назначи американскиот обвинител Џек Смит за нов специјален обвинител за воени злосторства во Косово и Метохија. Смит ќе го наследи првиот специјализиран обвинител и поранешен главен обвинител на специјалниот истражен тим Дејвид Свендиман, кој ја напушти функцијата на крајот на март, кога истече неговиот мандат. Досегашниот обвинител беше на оваа функција три години, а во овој период...

Чествување

Се прашувам, што би рекол Гоце Делчев за парадата на македонската војска во Софија два дена по неговата смрт (и сто и петнаесет години потоа). На идејата за заедничко чествување на историјата? За збратимувањето на војничките чизми? За стремежот да се маршира во туѓа земја без нејзина покана, по покана од една воена алијанса? На предупредувањето на Орвел дека најефикасен начин...

Милошев: Граѓаните кои примаат инсулин нема да останат без терапија

Граѓаните на Република Македонија кои примаат инсулин нема да останат ниту еден ден без потребната терапија, изјави денеска д-р Владимир Милошев, државен секретар во Министерството за здравство.    - Согласно постоечкиот договор за набавка на инсулин, двогодишниот договор август 2016 – август 2018, од сите типови на инсулин има доволни количини. Единствено претставува мал проблем „новорапидот“ кој го имаме само за уште...

Српските работници се изложени на трудова експлоатација

Трудовата експлоатација е глобален проблем што не ја заобиколи ни Србија, која од минатата година има усвоено стратегија за превенција и спречување на трговијата со луѓе. Во Европа има сѐ повеќе случаи на трговија со луѓе, при што целта е нивно работно искористување, беше речено на дебатата насловена „Работење со почитување на човековите права“, која се одржа во организација...