„Српска листа“ се враќа во владата на Харадинај

По повеќе од еден месец, во Владата на премиерот Рамуш Харадинај се очекува да се вратат министрите од редовите на „Српска листа“, потврдиле партиски извори за приштинскиот весник „Зери“, кои додале дека конечната одлука партијата ќе ја донесе деновиве. - Иако не присуствуваа на седници на Владата, министрите од „Српска листа“ ниту еден ден не отсуствувале од работното место, дури...

Одобрен азил за уште еден турски војник што пребега во Грција

Уште еден од осумтемина турски војници, кои со хеликоптер пребегаа во Грција во ноќата кога беше извршен неуспешниот обид за преврат во Турција во јули 2016 година, доби азил. Грчката второстепената Комисија за азил одговори позитивно на барањето на уште еден од осумтемина турски војници, кои со хеликоптер пребегаа во Грција во ноќата кога беше извршен неуспешниот обид за преврат...

Исплатата на субвенциите за тутунот почнува идната недела

Исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017 ќе почне следната недела, а зголемени субвенции ќе добијат над 23.400 тутунари, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, од денеска до крајот на оваа недела Платежната агенција ќе ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија по што ќе следува обработка на решенијата за исплата на субвенциите за...

Соиграчите лути на Озил: Се однесува како примадона

Однесувањето на германскиот играч од врска Месут Озил(29) ги налути неговите соиграчи во Арсенал, објавија денеска британските медиуми. Озил е најплатен фудбалер на Арсенал, со годишна плата од 20 милиони евра, а неговите соиграчи тврдат дека се однесува како примадона, односно ги одбира натпреварите на кои ќе настапи. Ги пропушти последните пет превенствени натпревари, односно вкупно десет оваа сезона, жалејќи...

Поранешниот градоначалник на Прилеп обвинет за несовесно работење

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинение против поранешниот прилепски градоначалник Марјан Ристески за несовесно работење во службата, при избор на директор на Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“. - Според обвинителниот предлог, осомничениот го извршил делото на начин што по објавената одлука од страна на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ од Прилеп и...

Македонистичка вечер на тетовскиот државен универзитет

По пауза од осум години апсолвирањето на уште една нова генерација студенти-македонисти на Државниот Универзитет во Тетово се заокружи со одржување на Македонистичка вечер. Најновата е четврта вкупно, по првата која се одржала во 2008 година. -Македонистичката вечер е насловена „За учителите“ посветена на неколку стожерни фигури од македонската книжевна и јазична, но и културна историја во целина како и...

Одбиено барањето за изземање на обвинителите на СЈО во „Тенк“

Обвинителот на СЈО Стевчо Донев на попладневното продолжение на рочиштето за предметот „Тенк“ до судот достави известување од специјалната обвинителка Катица Јанева дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ленче Ристовска. Донев рече дека барањето на адвокатите за изземање на обвинителите е со цел да се одложува јавната расправа и предложи судењето...

Македонија и годинава со повеќе активности на Канскиот фестивал

Со еден филм во официјалната компетитивна програма, со четири најнови остварувања што ќе бидат прикажани на филмскиот маркет, како и со неколку значајни промотивни активности, македонската кинематографија ќе биде дел од случувањата на 71 издание на престижниот Кански Филмски Фестивал, чиј почеток ќе биде означен вечерва со свечениот церемонијал. По деветти пат Македонија ќе учествува на филмскиот маркет во Кан...

Индиски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Индиските компании се заинтересирани да инвестираат во текстилната индустрија и во земјоделскиот сектор во Македонија. Интерес има и за филмската индустрија и за информатичката технологија. Ова денеска во Скопје му го пренел индискиот министер за текстил и индустрија Ајау Тамта на македонскиот министер за економија Крешник Бектеши.    Од Министерството за економија информираат дека на средбата министерот Бектеши посочил дека двете...

Ненајавена средба меѓу кинескиот претседател и Ким Џонг-ун

Кинескиот претседател Си Џинпинг и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун се сретнаа денеска на северот на Кина, јави АФП, повикувајќи се на агенцијата Синхуа. Како што пишува Бизнис Инсајдер, станува збор за ненајавен состанок, а сė уште не е познато за што двајцата лидери разговарале. Двајцата се сретнаа кон крајот на март оваа година, што беше прва посета на Ким...