Обвинителството ќе го истражува говорот на омраза во врска со пожарите во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција во кој има и човечки жртви. - Јавното обвинителство ќе испитува...

Рохани: Празните закани на Трамп не заслужуваат одговор

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека нема потреба да одговори на „празните закани“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Рохани ова го изјави на седница на иранската Влада. Тоа беше неговата прва изјава откако Трамп го предупреди иранскиот лидер дека заканувањето кон САД ќе има тешки последици. - Од некои американски лидери доаѓаат неосновани коментари и празни закани - рече иранскиот претседател...

Тур-операторите од Македонија и Романија бараат чартер летови

Македонија и Романија да се поврзат со директен, чартер лет на релација Скопје - Букурешт или Крајова - Охрид, бараат тур-операторите од двете земји. Сметаат дека тоа е клучниот чекор за зголемување на бројот туристи, од сегашните 1.500, на околу 30.000 - 40.000. - Наша цел е романските туристи да ја посетуваат Македонија на ранг на полските и холандските, но...

Утврден составот на ДИК, седница на Собранието во 18 часот

Вечерва во 18 часот ќе се оддржи седница на Собранието на Република Македонија на која пратениците ќе треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија, потврдија за МИА од кабинетот на претседателот Талат Џафери. Претходно Комисијата за изборите и именувањата на експресна седница ги утврди седуммината членови на новиот состав на ДИК, што треба да го спроведе референдумот...

Данило Брестовац е нов тренер на Металург

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, денеска беше промовиран во тренер на ракометниот клуб Металург. Тој доаѓа на местото на Александар Јовиќ, кој го водеше тимот од Автокоманда минатата сезона. Брестовац, на пресот одржан денес, се заблагодари на раководството на тимот за укажаната доверба и додаде дека очекува со многу работа, Металург да се искачи за едно ниво...

Почина Серџо Маркионе, поранешниот шеф на Фиат Крајслер

Поранешниот шеф на Фијат Крајслер Серџо Маркионе почина денеска, на возраст од 66 години, соопшти компанијата Фиат. - За жал, Серџо Маркионе, човек и пријател, почина - соопшти директорот на Ферари Џон Елкан. Компанијата на семејството Анџели, која го основаше Фиат, ја потврди смртта на Маркионе. Тој дојде во Фиат во 2004 година и го водеше спојувањето на со тогаш банкротираниот американски...

Подобрена здравствената состојба на девојчето со дијабетес

Здравствената состојба на 14-годишното девојче од Охрид со дијабетес тип 1 кое во сериозна состојба со кетоацидоза беше примено на КАРИЛ се подобрува и тоа спонтано дише. Ова денеска на прес-конференција го истакна заменик – министерот за здравство Асим Муса. Тој посочи дека 14-годишното девојче од Охрид, како и уште двете деца на возраст од три години од Свети Николе...

Една изјава ги нарушува српско-бошњачките односи

Србија Изјавата на Сулејман Угљанин, еден од лидерите на бошњачката заедница, за тоа дека актуелните државни функционери на Србија не ги претставуваат и интересите на ова малцинство, предизвика остри реакции во домашната јавност. - Актуелниот претседател на Бошњачкиот национален совет, Сулејман Угљанин, е загрижен дека ќе ги изгуби претстојните избори за ова тело, па е во таен договор со одделни надворешни...

Заев на средба со Мекеј: Подготвени сме за организиран брз и ефикасен пристапен процес

Процесот на преговорите по добивањето на поканата во Брисел е дополнителна мотивација за институциите, за сите во јавната администрација и за граѓаните на земјата, за придонес во оваа фаза која нė води поблиску до гарантираната безбедност и сигурност во друштвото на земјите членки и сојузници во НАТО, што отвора и перспективи за дополнителен економски развој на нашата земја. Ова го...

Акции за кастрирање и стерилизирање бездомни кучиња во Аеродром

Во општина Аеродром вчера се организираше акција за третирање на бездомните кучиња, во соработка со жители од општината, љубители на животни, кои доброволно излегоа на терен заедно со службите на стационарот „Вардариште“. Според соопштението на општина Аеродром, акцијата се одвивала кај поштата во Ново Лисиче и опфатила хумано заловување на бездомните кучиња кои немаат маркици и никогаш не биле стерилизирани...