Во Грција разбиена мрежа за изработка на фалсификувани пасоши
Грчката полиција денеска соопшти дека разбила криминална група што се занимавала со изработка и продажба на фалсификувани пасоши и други патни исправи на мигранти, јави ДПА.
Полициската акција била спроведена во атинското предградие Агиос Пантелејмон, каде се смесетени илјадници мигранти и кое важи за главен центар за илегален мигрантски транспорт кон Западна Европа.
Во полициското соопштение се наведува дека фалсификаторите ги...
Борис Џонсон под партиска истрага поради коментарите за жените кои носат бурки
Против поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон ќе биде покрената истрага поради евентуално кршење на кодексот на однесување на Конзервативната партија, поради неговите коментари за жените кои носат бурка, објави денеска „Ивнинг стандард“.
Весникот повикувајќи се на неименувани извори во партијата наведува дека формалната одлука за упатување на Џонсон пред истражна комисија се очекува во текот на денот.
Конзервативната...
ЕУ подготвена на отстапка во договорот за Брегзит
Европската комисија ја разгледува можноста да попушти во преговорите за Брегзит, во делот на основите слободи на движење, што е една од најчувствителни точки во преговарачкиот процес, тврдат британските медиуми.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, преговорите за британското напуштање на Европската Унија со месеци тапкаат во место, бидејќи двете страни не можат да постигнат договор за комплексните...
Гатузо: Леонардо и Малдини создаваат позитивна енергија во Милан
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изрази восхит за атмосферата создадена од поранешните играчи на клубот Леонардо и Паоло Малдини.
Малдини неодамна беше назначен за директор за стратешкиот развој, додека Леонардо ја презеде функцијата технички директор на клубот.
- Ни требаат луѓе како нив. Играчите се ракуваат со луѓе кои создале историја во клубот, можат да разговараат со нив. Драгоцено ќе е...
Кинескиот извоз зголемен и покрај американските царини
Кинескиот извоз е зголемен во јули и покажува дека американските царини засега немаат големо влијание, бидејќи во САД се извезени 13,3 отсто повеќе стоки отколку во истиот период минатата година.
Вкупниот извоз е зголемен за 12,2 отсто на 215,5 милијарди долари, додека увозот е зголемен за 27,3 отсто на 187,5 милијарди долари.
Пекинг предупреди дека извозниците се соочуваат со „зголемена нестабилност“...
Прва жртва на западнонилската треска во Романија
Романското Министерство за здравство денеска соопштија дека е регистрирана првата жртва на западнонилската треска во Романија оваа сезона.
Станува збор за 79-годишен маж од источнороманскиот округ Галац, кој имал и други заболување, а западнонилската треска само дополнително ја влошила неговата здравствена состојба.
Според податоците на романскиот Национален центар за следење и контрола на заразните болести, во периодот од 2 мај, па...
Нема присуство на вирус на западнонилска треска кај двата сомнителни случаи
Резултатите од испитувањата во лабораторијата на Институтот за јавно здравје покажаа дека двете лица (дете и жена) немаат вирус на западнонилска треска.
Ова денеска го истакна доктор Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Овие испитувања во лабораторијата на Институтот следат откако при претходно направени анализи постоеше сомневање за можна инфекција кај овие две лица.
- Во последните две...
Новата пречистителна станица во Кичево ќе ги зголеми сметките за вода
Новата пречистителна станица за фекални отпадни води во Кичево, од една страна ги израдува екологистите и спортските риболовци, но од друга страна ќе ги разочара граѓаните на Кичево, бидејќи поради трошоците што се создаваат од нејзиното работење, ќе биде неопходно новите сметки за вода да бидат повисоки. Во спротивно, овие трошоци негативно ќе се инпутираат врз севкупното работење на...
Нов биланс: Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 319
Бројот на загинати во силниот земјотрес што во неделата го погоди индонезискиот остров Ломбок се искачи на 319, соопштија денеска локалните власти.
Се претпоставува дека бројот на загинати луѓе ќе биде поголем бидејќи службите за вонредни ситуации и понатаму ги расчистуваат урнатините. Поради земјотресот 156.000 лица се раселени поради големите оштетувања на нивните домови.
Земјотресот со интензитет од 6,9 степени по...
ООУ „Бајрам Шабани“ од Куманово засилено се подготвува за новата учебна година
Раководството на основното училиште „Бајрам Шабани“ од Куманово во пресрет на
новата учебна година, и покрај летниот распуст кој е во полн ек, засилено работи на
санација и поправка на неопходните работи во училиштето.
Имено, во случајот воглавно станува збор за санирање на долгогодишните штети од поројните дождови зад училишната зграда каде, што поради недостиг на одводен канал во подрумските простории на...









































