Кинескиот извоз е зголемен во јули и покажува дека американските царини засега немаат големо влијание, бидејќи во САД се извезени 13,3 отсто повеќе стоки отколку во истиот период минатата година.

Вкупниот извоз е зголемен за 12,2 отсто на 215,5 милијарди долари, додека увозот е зголемен за 27,3 отсто на 187,5 милијарди долари.

Пекинг предупреди дека извозниците се соочуваат со „зголемена нестабилност“ откако Вашингтон воведе царина од 25 отсто за кинеската стока во вредност од 34 милијарди долари.

Оваа мерка беше воведена како одговор на жалбите од американските компании дека кинеската влада им ја краде технологијата. Кина одговори со зголемување на царината за американските производи.