Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 13 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре попладне на одделни места се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Исклучок ќе биде средината на седмицата, кога се најавуваат пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата.
Во наредниот период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.


































