ФУДБАЛ – ЛИГА НА НАЦИИТЕ
- Меѓу осумте најдобри се Шпанија, Португалија и Англија, а кандидати за место во четврт-финалето се и Италија, Франција, Белгија, Холандија, Грција, Германија, Данска, Велс и Норвешка
Фудбалската репрезентација на Англија по осум години ќе игра во нокаут-натпревар на патот кон трофејот во Лигата на нациите откако обезбеди пласман на едно од првите две места во групата 3, во лигата А. Претходно, во четврт-финалето се пласираа Шпанија (група 3) и актуелниот победник Португалија (група 4).
По натпреварите одиграни во четвртокот, во петтото коло во лигата А, во четврт-финалето има место за уште пет репрезентации, а кандидати се Италија, Франција и Белгија од групата 1 (две места во четврт-финалето), Холандија, Грција и Германија од групата 2 (две места) и Данска, Велс и Норвешка од групата 4 (едно место).
Во тек е петтата сезона на Лигата на нациите. За Шпанија тоа е четврти пласман во нокаут-рунда (претходно тоа беа полуфиналиња, од минатата сезона тоа се четвртфиналиња) и има еден трофеј, освоен во 2023 година. Португалија третпат ќе игра за титулата, која ја освои во 2019 и во 2025 година. Англија, која претходната сезона настапуваше во лигата Б, вторпат ќе игра за пехарот во Лигата на нациите откако претходно еднаш беше полуфиналист во сезоната 2018/2019.
Светскиот фудбалски шампион Шпанија ја продолжи својата победничка серија на 12 натпревари, со победата на дуелот со Чешка, со 2-0, на гости во Лигата на нациите, во петтото коло во лигата А, пишува „Би-би-си“. Откако со тоа ја продолжи и својата серија без пораз во сите натпреварувања на 43 натпревари, репрезентацијата на Шпанија, која веќе обезбеди пласман во четврт-финалето на Лигата на нациите за сезонава, ќе биде домаќин на селекцијата на Англија, во последниот натпревар од групната фаза за сезонава во Лигата на нациите, утре.
Н.М.
































