Куртоа го напушти Лондон поради семејството

Белгискиот голман Тибо Куртоа по седум години си замина од Челзи, а најголема причина за тоа е неговото семејство. - Ако неговото семејство беше во Лондон, тој сигурно би останал во Челзи. Си замина најмногу поради неговите деца кои со мајката живеат во Мадрид. Не постојат никакви други причини. Клубот имаше разбирање за ситуацијата на Куртоа, а и во прилог...

Претежно сончево и топло

Претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 28 до 37 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Пет начини да се зачува умот во староста

Во германскиот стручен весник „Психологијата Денес“ прикажани се пет начин кои го забавуваат процесот на когнитивно стареење. Играње социјални игри е еден од петте добри начини да го задржите мозокот во добра форма, според весникот. Добрата форма се одржува и преку вежбање, особено танцување. Опција за задржување на „здрав разум“ во староста е и јогата. Друг начин, според списанието, е да се биде...

Реал Мадрид е подготвен да плати 224 милиони евра за Азар

Раководството на европскиот шампион Реал Мадрид е подготвено да плати 224 милиони евра за Еден Азар, објавија англиските медиуми. Доколку се случи овој трансфер, тогаш 27-годишниот Белгиец ќе стане најскапиот фудбалер на светот. Во моментот оваа титула му припаѓа на Нејмар, кој летото 2017 година се пресели од Басрелона во ПСЖ за 222 милиони евра. Реал во Азар го гледа наследникот...

Потпишан договор за правниот статус на Касписко Море

Касписките земји потпишаа денеска конвенција за правниот статус на Каспиското Море, за што меѓу тие држави се разговарало повеќе од две децении. Лидерите на Русија, Азербејџан, Казахстан и Туркменистан го потпишаа документот во казахстанскиот град Актау, каде започна петтиот Касписки самит. Рускиот претседател Владимир Путин порача пред потпишувањето дека решавањето на правниот статус на Каспиското Море ќе создаде услови за блиска...

Ердоган: Падот на турската лира е заговор против Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го оцени намалувањето на вредноста на турската национална валута како „заговор“ против Турција, нагласувајќи дека турскиот народ нема да се предаде. Третпат по ред лидерот на Турција денеска во својот говор во Трабзон ги повика своите сонародници да ги разменат доларите и еврата кои ги имаат, со цел да ја поддржат турската лира. Тој истакна дека...

Поранешна советничка: Трамп изеде доверлив документ по средба со Мајкл Коен

Поранешната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Омароса Маниго Њумен тврди дека го видела шефот на државата како јаде хартија по состанок со адвокатот Мајкл Коен. Таа во својата нова книга тврди дека Трамп изел еден од доверливите документи. - Го видов дека стави хартија в уста. Имајќи предвид дека Трамп е бактериофоб, бев шокирана кога го видов како џвака и...

Русија се откажува од американскиот долар

Москва ќе го намали бројот на американските хартии од вредност кои ги поседува, како одговор на новите санкции воведени од САД, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов. - Русија сè повеќе ќе ја користи рубљата и други валути, вклучувајќи го и еврото, наместо американските долари во своите тргувања - истакна Силуанов. САД воведоа нови санкции против Русија поради нејзината наводна...

Канцеларија за дијаспора отворена во Македонска Каменица

Македонија ја доби втората канцеларија за дијаспора. После Штип, денес и Македонска Каменица доби простор кој ќе им стои на располагање на сите иселеници од овој крај кои ќе сакаат да ги пренесат сите идеи и да се информираат за поволностите кои им ги нуди општината за инвестирање или некоја друга соработка. Оваа канцеларија е сместена во оштинската зграда и...

Адеми ја повика дијаспората масовно да гласа на референдумот

Своето право на глас на претстојниот референдумз закажан за 30-ти септември, македонските иселеници во дијаспората ќе можат да го остварат во дипломатските конзуларни претставништва. Рокот за пријавување по електронски пат е од 9-ти до 23 –ти август. Министерот Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика иселениците масовно да излезат на гласање. - Како што знаете Државната...