Нилски коњ уби кинески турист во Кенија
Во кениската долина Рифт на брегот на езерото Наиваш, нилски коњ нападна и усмрти турист од Кина, и повреди уште еден, соопштија денеска локалните власти.
Немилиот настан се случил во саботата додека Кинезите го фотографирле пределот. Повредениот турист е згрижен во блиска болница во градот Наиваша, на 90 километри југоисточно од кенискиот главн град Најроби.
Само неколку часа претходно, друг нилски коњ...
Голем пожар на грчкиот остров Евија
Во централниот дел на грчкиот остров Евија од вчера бесне голем пожар, поради што власите спроведоа евакуација на две села и еден манастир.
Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ остров, а со цел да овозможат побрзо заминување на оние што сакаат да ја напуштат Евија, властите наредија траект линиите кон Атина да сообраќат во...
Во пожар во болница на Тајван загинаа девет пациенти
Најмалку девет пациенти загинаа, десет се во тешка здраствена состојба, а шест се полесно повредени во пожар што изби во болница во северниот дел на Тајван.
Пожарот изби на седмиот кат, каде биле сместени 33 критични пациенти.
- Повеќе од 20 пациенти се испратени во други болници, соопшти градската управа на Синбеј.
Огнот бил изгаснат за еден час, а истрагата за причината...
Групи илегални имигранти од Блискиот Исток пристигнуваат во Албанија
Зачестија групите илегални имигранти од Блискиот Исток, кои преку зелениот појас на границата со Грција влегуваат на албанска територија.
Од регионалниот полициски комесаријат во Корча потврдуваат дека речиси секојдевно откриваат групи на имигранти, меѓу кои и жени и деца.
- Од неодамна зачестија групите емигранти кои преку зелениот појас од Грција влегуваат на албанска територија. Во просек групите се по најмалку...
Филмот „Јавачи на коњи“ награден во Америка
Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Fam Fest International 2018“ во Северна Каролина, САД.
Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на „World Film Fair“ во Њујорк оваа година. Покрај наградата за најдобар филм, „Јавачи...
Запален автомобил во Скопје
Еден автомобил рано утринава бил запален на улицата „Кумровец“ бр. 14 во Скопје.
Како што соопшти Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот бил локализиран во периодот од 5.06 до 5.50 часот. Интервенирале тројца пожарникари со едно возило. Причинета е матерјална штета од 600 илјади денари.
Божествена литургија на врвот на Крчин
Трета година по ред братството од Бигорскиот манастир и сестринствата на манастирите од Рајчица и Пречиста предводени од игуменот архимандрит Партениј отслужија Божествена литургија на врвот Крчин којшто се наоѓа на надморска височина од 2.341 м.
- Управувајќи ги сите наши сили кон искачувањето на овие небесни висини, заедно со сите присутни споделивме ретко и благословено искуство да присуствуваме на...
Вечер со гитарата на Дрилон Чочај во „Света Софија“
Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма, со соло концертот на косовскиот гитарист Дрилон Чочај во катедралната црква „Света Софија“.
Дрилон Чочај со гитарата се запознава на седумгодишна возраст во кругот на семејството. Подоцна се запишува во музичкото училиште „Лоренц Антони“ во Призрен, а во 2004 година ги запишува своите додипломски студии на Академијата за уметност во Приштина,...
Седумнаесет години Охридски рамковен договор
Пред седумнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година.
Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор...
На Богородица и Табановце се чека до 15 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, одобено кон туристичките места и граничните премини.
На граничните премини Бопгородица и Табановце, за излез од Македонија се чека од 10 до 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ...









































