Во двата разорни земјотреси во Венецуела загинаа 589 луѓе, а повредени се 2.980, соопшти денеска вршителот на должноста претседател Делси Родригез.
Taa ja даде изјавата опкружена со официјални лица и воен персонал, поздравувајќи го пристигнувањето на спасувачките екипи од целиот свет во Венецуела.
– Ќе ги спасиме луѓето што се заробени. Неуморно работиме на оваа задача – рече Родригез.
Таа истакна дека венецуелската држава Ла Гваира е најтешко погодена од земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени што ја потресоа земјата завчера вечер.
Додаде дека ситуацијата таму е под контрола на војската додека спасувачките екипи бараат преживеани и дистрибуираат храна и вода.


































