Фото: ШФМ
Ма­ке­дон­ски­те прет­став­ни­ци во де­вет­то­то ко­ло на Свет­ско­то пр­венс­тво (СП) во шах за мла­ди (до 12, 14, 16 и до 18 го­ди­ни, мом­чи­ња и де­вој­чи­ња), кое во 11 ко­ла се одр­жу­ва во Мон­тен­сил­ва­но, Ита­ли­ја, за­бе­ле­жаа вкуп­но че­ти­ри ре­ми­ја и са­мо еден по­раз. 
На­де Сми­лев­ска (ран­ги­ра­на 107. пред по­че­то­кот), во ка­те­го­ри­ја­та до 16 го­ди­ни, со цр­ни фи­гу­ри го по­де­ли по­е­нот со Ита­ли­јан­ка­та Де­бо­ра Бор­тот (1.665 реј­тинг-по­е­ни, 86.). Се­ни­ор­ска­та ре­пре­зен­та­ти­вка на Ма­ке­до­ни­ја, ЖФМ Мо­ни­ка Же­жов­ска (1.978, 43.), ре­ми­зи­ра­ше со сил­на­та Гру­зиј­ка ЖФМ Ма­ри­ам Це­цех­лад­зе (2.234, 7.) до 18 го­ди­ни. Исто ми­на и Да­ни­ел Сте­фа­но­ски (1.860, 92.) со Ра­фа­ел Си Веи Ју (1.594, 126.) од Тај­пеј, во ка­те­го­ри­ја­та до 14 го­ди­ни, ка­ко и Кри­сти­јан Ка­ва­зов (1871, 118.) про­тив Пол­ја­кот Бо­рис Вит­чак (2.099, 82), во ка­те­го­ри­ја­та до 16 го­ди­ни. Единс­тве­но за­гу­би Ни­ко­ла Пав­ле­ски (1.971, 97.) од грч­ки­от ФМ Сте­фа­нос Ка­зан­цонг­лу (2.312, 35.), во нај­во­зрас­на­та ка­те­го­ри­ја до 18 го­ди­ни. Освен Сми­лев­ска, си­те дру­ги во ова ко­ло ја имаа пред­но­ста на по­чет­ни­от по­тег.
 
На две ко­ла до кра­јот на СП 2026, Сми­лев­ска со три по­е­ни е 96-та, Же­жов­ска со пет е 43-та, Сте­фа­но­ски со че­ти­ри е 95-ти, Ка­ва­зов со 4,5 е 88. и Пав­ле­ски со че­ти­ри по­е­ни е на 78-то ме­сто. За­се­га, најм­но­гу но­ви реј­тинг-по­е­ни има осво­е­но Пав­ле­ски (78,8), по­тоа Ка­ва­зов (42,8) и Же­жов­ска (24), до­де­ка Сте­фа­но­ски е во ми­нус од 15,2 по­е­ни. Сми­лев­ска офи­ци­јал­но сѐ уште не­ма реј­тинг-по­е­ни од ФИДЕ по­крај сво­е­то име.
 Г.И.