Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила.
Прекинот, како што информира ЈП „Македонија пат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.




































