Проблемот со откупот на сливи ќе се решава со нова субвенција

Министерството за земјоделство воведува нова субвенција за откупот на сливи. Откупувачите регистрирани за преработка на земјоделски производи и правните лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи кои извршиле откуп на сливи од реколтата 2018 од домашно производство ќе добијат субвенција од два денари по килограм. Новата мерка се воведува со цел да се реши проблемот со откупот...

Турската полиција почна истрага за коментари на интернет

Турското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека ги презема „неопходните мерки“ во врска со објавите на социјалните мрежи за состојбата во економијата и курсот на турската лира, кои би можеле да имаат негативно влијание врз „економската безбедност на Турција“. Во соопшението на Министерството се посочува дека од 7 август се утврдени 346 профили на социјалните мрежи на кои на...

Грција и Албанија и годинава најпривлечни летни дестинации

И покрај сѐ понискиот стандард, сепак, повеќето граѓани на Кичево не се откажуваат од традицијата барем 7 дена во текот на летото да поминат на некоја од морските или езерските плажи во соседството или во некое од познатите одморалишта во подалечното опкружување. И годинава во изборот за летен одмор доминираат Грција и Албанија, нешто помал интерес владее за Турција,...

Пожарот на Евија ставен под контрола

Големиот пожар што избувна вчера во централниот дел на грчкиот остров Евија, поради кој беше спроведена евакуација на околу 500 лица од две села и еден манастир, денеска е ставен под контрола. Регионалниот управник на Евија, Костас Бакојани соопшти дека „повеќе не постојат активни фронтови на пожарот“ и дека тој е целосно под контрола. Поради пожарот до претпладнево беше затворен и...

Света литургија на планинскиот врв Крчин

На годинашното чествување учествуваа над триста вљубеници во верата и во природните убавини од Гостивар, Скопје, Валандово, Гевгелија, Куманово, Битола, Охрид, Струга, Прилеп, долнореканските села и од други места на Македонија Несекојдневен црковен настан се одржа на врвот Крчин, на надморска височина од 2.341 метар, во близината на македонско-албанската граница, каде што некогаш се наоѓаше македонската црква „Преображение“, а сега има...

Македонија во јуни ја посетиле 102.327 туристи

Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15,9  отсто, а бројот на странските туристи пораснал...

Локален пороен дожд и грмежи од утре попладне

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но и натаму со многу високи температури, најавува од утре попладне УХМР. В среда и четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува в петок и сабота. Утринските температури ќе бидат од 11 до 21 степен, а дневните од 27 до 37 степени. Најтопло ќе...

Седумнаесет години по потпишувањето на рамковниот договор

Со имплементацијата на Охридскиот договор беа направени повеќе уставни промени и донесени повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања, од кои најголемиот дел (59) се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитетот, културата, образованието и децентрализација на власта Денешниот датум, 13 август, воопшто не постои во листата на денови што би требало да се...

Прва граѓанска судска постапка против ЕУ за климатската политика

Европскиот општ суд ја прифати судската постапка на повеќе семејства против Парламентот и Советот на ЕУ за недоволно амбициозни цели за намалување на емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина до 2030 година. Подносители се тужбата од повеќе семејства од Португалија, Германија, Франција, Италија, Романија, Кенија, Фиџи и здружение на млади од Шведска. Тужителите сметаат дека зацртаните цели...

Наглиот температурен шок може да го загрози здравјето

При температурна разлика, од врело на ладно, механички се собираат крвните садови и организмот доживува скок на крвниот притисок и обратно. Кај младите толеранцијата е поголема, меѓутоа кај повозрасните, хронично болните, срцево болните и кај постарите, толеранцијата не е толку голема, вели доктор Томе Георгиев, доктор во „Прима мед“ Високите температури ги принудија граѓаните да ги активираат клима-уредите. Речиси и...