Ќе се носи нов закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Целта на Предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, кој вчера беше усвоен на владина сеедница, е усогласување со одредбите од четвртата ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година. - Согласно оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и усогласуваат одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и...

„Галичката свадба“ – најтрадиционален фестивал во Европа

Во своето опстојување манифестација придонела за негување на традицијата на жителите од овој крај, за да се зачуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија, наведува магазинот „Нешнал џиографик“ „Галичката свадба“ е најтрадиционален свадбен фестивал во Европа според оцените на магазинот „Нешнал џиографик“. - Секоја година малата планинска заедница во Македонија ja слави унијата на една специјална двојка - пишува...

Македонско-бугарската турнеја „Една љубов“ почнува од Скопје

Осум града во Македонија и Бугарија беа вклучени во минатогодишната заедничка турнеја „Една љубов“ (One love), чиј дел беа познати хипхоп-ѕвезди од двете држави, која мина одлично кај публиката, докажувајќи дека музиката прави мостови, а не поделби. Токму затоа „Една љубов“ продолжува и оваа година, но со проширен репертоар, прераснувајќи во фестивал. Организатор е агенцијата „Иноватива груп“, а дванаесетчасовната богата програма...

„Тексас“, „Морчиба“ и Алан Вокер на „Скопје колинг 2018“

Светски познатите рок-бендови „Тексас“, „Морчиба“ и француската атракција „Нувел Ваг“ и дуото Аксвел ен Ингросо и Алан Вокер во делот на електронската музика се главни ѕвезди на трето издание на „Скопје колинг 2018“ што ќе се одржи од 21 до 24 јуни во Скопје. Фестивалот, на стадионот на АРМ, ќе го отворат Аксвел ен Ингросо, втората вечер на 22 јуни...

„Лето во Македонија“ со „ЈСП-Турс“

„ЈСП-Турс“ почна со реализација на проектот „Лето во Македонија“ за развој и за афирмирање на манастирскиот туризам во државава. Секоја недела, до крајот на летово, „ЈСП-Турс“ ќе организира 12 еднодневни излетнички тури до поголемите манастири низ државава. Турите ќе се реализираат во придружба на лиценциран водич, со високотуристички автобус. Цената на билетите за еднодневните тури е различна според оддалеченоста на манастирите, а...

„Воинот на коњ“ ќе се преименува во Александар Македонски со напомена дека е дел од хеленскиот антички период

Спомениците изградени во рамки на проектот „Скопје 2014“, кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот ќе го добијат тој епитет, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. - „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е - Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува...

Скопје ќе се претвори во музичка сцена под отворено небо

„Скопје стрит мјузик фестивал 2018“ четири дена ќе го забавува Скопје на седум локации „Скопје стрит мјузик фестивал 2018“ од 21 до 24 јуни ќе овозможи забава за сите љубители на музиката на седум различни локации во градот. Плоштадот „Македонија“, Градскиот парк, ТЦ „Лептокарија“, паркот кај авиончето во Ново Лисиче, плоштадот „Скендербег“, платото пред Универзалната сала и Боемската улица се...

По Шпанија Русите најмногу купуваат станови во Бугарија

Бугарија е на второто место во групата земји што се интересни за руските купувачи на станови во периодот од вториот квартал на 2016 година до првиот квартал на 2018 година, покажуваат податоците на порталот за недвижности Транио, врз основа на пребарувања на рускиот интернет-пребарувач. Во 2016 година Бугарија била најпопуларната дестинација за Русите, кои сакале да купат стан во странство....

Вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ претставите „Тоалет за дами“ и „Лет над кукавичјото гнездо“

МТФ „Војдан Чернодрински“ влегува во својата завршница. Вечерва е претпоследната вечер во официјална програма, а ќе бидат изведени две претстави. Од 19.30 часот ќе се претстави Велешкиот театар со „Тоалет за дами“ во режија на Деан Дамјановски, додека од 22.00 часот Драмскиот театар Скопје ќе ја изведе „Лет над кукавичјото гнездо“ во режија на Ристо Алексовски. Денес напладне во рамките на...

Исполнети условите за почеток на преговорите со ЕУ

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека Албанија ги завршила зададените обврски и оти е подготвена за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тој нагласи дека сега одлуката зависи од земјите-членки на Унијата, посочувајќи дека неколку од нив го условуваат проширувањето поради „нивни внатрешни дебати“. - Албанија е подготвена за почеток на преговорите, но сѐ зависи од политичката одлука...