Поевтинуваат горивата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 74,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС -...
Не може да биде разумна и праведна војната во која кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили, рече Мицкоски
Не може да биде разумна и праведна војната во која кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на неговиот коалициски партнер од ВРЕДИ, Изет Меџити дека војната на УЧК била „праведна, разумна и чиста“.
Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Владата ги повика, како што рече, сите разумни политичари да се...
Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности
Имавме неколку контроли и не беа констатирани неправилности, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски. Прес-конференцијата следи откако министерот за здравство Азир Алиу во саботата информираше дека Министерството за здравство ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора.
- Прво, бидејќи јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита, член 262, се многу широк поим и за поголемиот...
Детално се анализираат сите фактори кои влијаат врз цените на храната и многу се внимава какви мерки ќе бидат донесени, порача Мицкоски
Детално се анализираат сите фактори кои влијаат врз цените на храната и многу се внимава какви мерки ќе бидат донесени. Владата сака трајни, а не популистички решенија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што напомена, одговорајќи на новинарски прашања, праксата покажа дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка, дополни,...
Шпаркасе банка ги намалува банкарските надоместоци во корист на клиентите
Шпаркасе Банка известува дека од 1.9.2025 година ќе ги намали тарифите и надоместоците за 15 услуги наменети за физички лица и за 6 услуги наменети за
правни лица.
Станува збор за значајни намалувања и до 70 % за одредени надоместоци, поттикнати од променетиот модел за пресметка и наплата на надоместоци што банките ги плаќаат за користење и процесирање услуги преку Меѓубанкарскиот...
На сите гранични премини се чека, најдолго на ГП „Богородица“
На граничниот премин на Богородица времето на чекање е околу 20 минути, на ГП Дојран околу 15 минути, а на ГП Табановце околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на...
ДИК има законска обврска да донесе ново Упатство за изборите, откако старото го стави вон сила, вели Мицкоски
Ставањето вон сила Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик според премирот Христијан Мицкоски не го нарушува изборниот процес за локалните избори, а Државната изборна комисија има законска обврска да донесе ново. Какво ќе биде тоа, рече, зависи од самата Комисија.
Одговарајќи на новинарско прашање што...
Два активни пожари, во НП „Јасен“ и во струмичко Сарај, велат од ЦУК
До 12 часот на територија на цела држава има три пожари на отворен простор, од кои два се активни. Активни пожари има во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума, на територија на општина Македонски Брод и во струмичкото село Сарај, каде гори отпад.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во ресенското село...
За минималната плата Мицкоски повика на дебата
Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1 000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдикалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски.
Како што напомена Мицкоски,...
Објавен нацрт-законот за обновливи извори на енергија со јавна расправа до 30 август 2025
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави Нацрт-законот за користење на енергијата од обновливи извори на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Јавната расправа за Нацрт-законот преку кој сите заинтересирани граѓани, стручна јавност и релевантни чинители можат да достават свои мислења и предлози трае до 30 август 2025 година, а целосниот текст е достапен на веб-страницата...








































