Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска објави дека ја става Полициската управа на Вашингтон под федерална контрола и нареди Националната гарда да биде распоредена во главниот град за борба против „бранот на беззаконие“. - Ја распоредувам Националната гарда за да помогнам во враќање на законот, редот и јавната безбедност во Вашингтон - им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, опкружен...

Седум лица загинаа во поплава во северен Пакистан

Најмалку седум лица денеска загинаа во налетите на поплава во северен Пакистан, изјави официјален претставник за уште една катастрофа што го погоди хималајскиот регион поради ескалацијата на влијанието на климатските промени, јави ДПА. - Жртвите се волонтери кои работеа на обновување на водоводен канал во планинска долина во регионот Гилгит-Балтистан, во кој беснеат поплави по излевањето на ледничко езеро -...

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

Во јуни годинава во земјава престојувале 126.415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 отсто странски, кои оствариле вкупно 243.157 ноќевања. Од ноќевањата 26,7 отсто се реализирани од домашните, а 73,3 отсто од странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни - 34.366 се од Турција, по што следи Србија...

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска остро ги осуди плановите на Израел за засилување на својата воена операција во Газа оценувајќи ги како катастрофа во подготовка и предложи меѓународна коалиција со мандат од Обединетите нации за стабилизирање на Газа. Израелскиот кабинет за безбедност во текот на минатата недела одобри план за преземање контрола врз градот Газа, во обид да ги прошири...

Трајков: Да се овозможи поголема искористеност на ЕУ фондовите во насока на подобрување на животот на граѓаните

Министерството за европски прашања е подготвено да помогне во процесот на аплицирање за поголема искористеност на европските фондови со цел да се овозможи забрзан развој на општините, било истакнато на денешната средба на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. Како што соопшти МЕП, на средбата се дискутирало за степенот на искористеност на ЕУ...

Си замина пејачката Габи Новак

Балканската музичка сцена денеска остана без едно големо име, не напушти Габи Новак (8 јули 1936. Берлин - 11 август 2025.Загреб), позната хрватска пејачка, која остави длабоки траги во музиката со своите песни. Повеќето станаа евергрини, на кои, со својата специфична боја на глас и начин на интерпретација таа им даваше нешто посебно. „Си замина една од најнежните и најпосебните...

ДКСК со укажувања за законските одредби поврзани со Локалните избори 2025

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со цел навремено и транспарентно информирање на сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес како и јавноста за законитоста на користењето и располагањето со буџетските средства, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик денеска испрати укажување на следните состојби за период од денот на...

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, но добро се одвива

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека едносменска настава има веќе во 150 училишта во коишто немало или имало многу малку градежни интервенции за да може да биде воведена. Очекува овој процес да продолжи во 25 училишта во кои, рече, ќе има потреба од градежни зафати т.е. доградба на училници за да може да ги опфатат сите...

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција

Во Битола и околината попладнево е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 13 часот и 7 минути со јачина од 3.9 Рихтерови степени и епицентар кој потекнува од Грција, 165 километри југозападно од Скопје. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и...

Русија сака да ја измами Америка, нема да го дозволиме тоа, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Москва се обидува да ја „измами Америка“ пред претстојната средба меѓу претседателите на Русија и САД, додавајќи дека Киев инсистира на заострување на економскиот притисок врз Русија. Самитот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин е планиран за петок, 15 август, во Алјаска. Тоа ќе биде средба фокусирана на војната во Украина и евентуалното...