Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

До Државната изборна комисија (ДИК) во предвидениот рок (три дена од распишување на изборите) за платено политичко рекламирање за локалните избори на 19 октомври се пријавиле 333 медиуми, но од Комисија нагласуваат дека списокот не е конечен бидејќи барањата се проверуваат, а исто така вечерва на полноќ истекува и рокот за доставување на ценовниците. Според Роковникот на ДИК, ценовниците...

Медицинскиот персонал кој работи со договор на дело во тетовската болница, ќе добие трајно вработување по изборите, вели Алиу

Медицинскиот персонал кој со години работи со договор на дело во тетовската клиничка болница, ќе добие решенија за трајни вработувања по локалните избори, изјави денеска во Тетово, министерот за здравство Азир Алиу. Министерството вчера објави дека хонорарците имаат валидни договори за вработување на определено време до 31 декември 2025 година и дека е обезбедена е согласност од Министерството за финансии...

Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица

Кумановската полиција приведе пет лица на возраст од 19 до 32 години заради тепачка во угостителски обејкт во кумановски „Гарнизон“, соопшти денеска СВР Куманово. -Денеска во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.А. (26), Х.Р. (21), З.Е. (22), А.Р. (32) и Ш.Ш. (19) сите од Куманово, затоа што во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“...

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година. Аплицирањето се спроведува...

Путин: Администрацијата на Трамп вложува енергични напори за завршување на конфликтот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави, во пресрет на утрешниот самит Москва–Вашингтон на Алјаска, дека ќе ги информира своите колеги за напредокот во преговорите за решавање на кризата во Украина, нагласувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вложува енергични напори за завршување на конфликтот. Според него, следната фаза на контактите меѓу двете држави би можела да биде постигнување договор...

Мицкоски: Борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител. Институциите вели тој, постојано поднесуваат пријави за сторен криминал, но, нагласува обвинителството не презема ништо. -Институциите преземаат мерки, доставуваат пријави, но треба обвинителството да преземе. Тоа е суштината. Не можете вие со ова обвинителство, со овој обвинител да очекувате...

Со брза акција и повеќе возила, спречено проширување на пожарот во Јасен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска информира дека со брза акција и со повеќе возила е спречено проширување на пожарот во повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума. - Пред малку огнот се закани на објектите на ЈП „Јасен“, но со брза, енергична и одлучна акција, со повеќе возила кои претходно беа поставени во...

Спасовска и Грујовски во ревијалниот дел на Фолк вечерта на „Охрид фест“

Сузана Спасовска и Благоја Грујовски ќе настапат во ревијалниот дел на Фолк вечерта на фестивалот Охрид- фест, Охридски трубадури која ќе се одржи на 29 август на сцената на „Долни сарај“ во Охрид. - Ќе ги слушнеме по подолго време со нова песна и песна што била изведена на овој фестивал - вели Љупчо Соколовски, уметничкиот директорот на Фолк вечерта. Тој...

Пуштена во употреба клучката Подмоље

Решаваме уште еден горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид - Кичево. Тоа е пуштањето во употреба на клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. - Од денеска е функционална, што значи многу побрзо проток на луѓе и патници од Струга и од...

ФЗО и УЈП со нов анекс за побрза размена на податоци

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа анекс на Протоколот за електронска размена на податоци со кој се овозможува навремено ажурирање на информации, решавање на застарени долгови и спречување на злоупотреби, сè со цел да се обезбедат поефикасни, потранспарентни и достапни услуги за граѓаните. Како што соопштуваат од ФЗОРСМ, овој анекс е прв по потпишувањето...