Маркетите веќе ги поставуваат ознаките за домашните производи, вели Трипуновски
Маркетите деновиве на рафтовите треба да ги постават означувачите за македонските производи кои на граѓаните ќе им овозможат веднаш да ги разграничат од увозните и многу полесно да го направат својот избор доколку сакаат да купат наши, домашни јаболка, домати, компири, моркови, краставици и други продукти.
Како што информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во тек...
Утре стартува училишната кошничка
Со цел заштита на стандардот на граѓаните, особено во септември, кој е еден од потешките месеци во кои домаќинствата имаат зголемени трошоци, заради почетокот на учебната година, Владата донесе одлука за воведување на мерката „Училишна кошница“, која ќе трае од 15 август до 15 септември 2025 и производите ќе се продаваат по ограничена цена, односно намалена.
Промовирајќи ја кошницата денеска...
Младите музички таленти блеснаа под сводовите на „Света Софија“
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ одржа завршниот концерт од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика што се одржува под уметничко раководство на македонскиот виолинист Емилио Перцан и азербејџанската пијанистка Тамила Гулиева.
Виртуозното мајсторство над виолината, уметникот и професор Емилио Перцан, во текот на изминатите денови во Охрид несебично го пренесуваше на младите...
Во селото Трпејца во Охрид овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, најави Мицкоски
Во селото Трпејца во Охрид овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања при увид на градежни активности на патот од Климештани до Охрид (дел од автопатот Кичево – Охрид), претседателот на Владата соопшти дека во втората половина на август „веќе се воведува фирмата изведувач во работа“ и оти проектот...
Царински инспектори откриле измама во висина од седум милиони денари
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари.
Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака...
Ние сме земја која има најниска цена за електрична енергија во Европа, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преку Mинистерството за енергетика, минерални суровини и рударство распишан е јавен повик на кој може да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање за сметките на електрична енергија, и оти за тоа се предвидени 40 милиони денари.
-Она кое можам исто така да го кажам е дека во неколку периоди на регулирање...
Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен, информираат од ЦУК
На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод. Активни пожари има и во Струга, кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова...
Кремљ го објави распоредот за средбата меѓу Путин и Трамп на Алјаска
Кремљ денеска го потврди распоредот за очекуваната средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на Алјаска, со разговори што треба да започнат во петок околу 11:30 часот по локално време (21:30 по македонско време).
Војната на Русија против Украина ќе биде главна тема на агендата, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
По консултациите,...
Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче фрлено во бездна
Пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка вчера успешно извлекле куче што било фрлено во коритото на Крива Река. Според нивните информации, кучето претходно било малтретирано.
- По добиена дојава за куче фрлено во бездна, тим од двајца пожарникари излезе на лице место и го извлече животното. Кучето веднаш беше предадено на надлежните институции. За жал, ова е уште...
ДЗР: ЈП „Национални шуми“ се соочува со сериозни финансиски потешкотии
ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. – Скопје во 2023 година реализирало само 66 отсто од планираниот физички обем на производство на техничко и огревно дрво. Со акумулирани обврски во износ од 1.074.644 илјади денари, односно приближно 17,5 милиони евра и постојана зависност од револвинг краткорочниот кредит за исплата на плати, претпријатието се соочува со сериозни...








































