Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје затворен за секаков вид возила поради пожарот во Јасен
Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје затворен е за секаков вид на возила поради пожар во националниот парк Јасен, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП Табановце, времето на чекање...
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
Студентите во блокада за вечерва најавија нови протестни собири, што ќе започнат во неколку српски градови помеѓу 19:30 и 21 часот.
Студентите во блокада на Инстаграм соопштија дека собирите во Белград ќе се одржат во 19:30 часот кај зградата на Генералштабот, на кружниот тек во близина на Општина Нови Белград, како и кај Автокоманда, додека собирот во Нови Сад ќе...
МВР: Поднесена пријава за лице што влечело куче со возило
Поднесена е пријава за лицето од Крива Паланка кое влечеше куче со возило, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 14:45 часот во ОВР - Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М., на возраст од 59 години, затоа што на магистралниот пат село Жидилово - Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и...
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
Петмина полицајци се убиени, а осуммина ранети во серија напади на милитанти врз полициски сили во северозападната пакистанска покраина Кибер Пахтунхва, соопштија властите.
Според полицијата, денеска биле изведени четири одделни напади, од кои три завршиле со жртви меѓу полицајците.
Најтешкиот напад се случил во округот Аппер Дир, каде вооружени лица рано наутро поставиле заседа и отвориле оган врз полициско возило за...
Русија и Украина разменија нова група воени заробеници
Русија и Украина денеска разменија по 84 воени заробеници, со посредство на Обединетите Арапски Емирати, објави руското Министерство за одбрана.
- Во моментов, рускиот воен персонал се наоѓа на територијата на Република Белорусија, каде што добива потребна психолошка и медицинска помош - наведува Министерството во соопштение на каналот Телеграм.
По пристигнувањето во Русија, тие ќе бидат подложени на рехабилитација и лекување...
Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работа
Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот Алиу информираше дека вработените во пералната на Клинички центар од денеска се на работното место.
- Денеска наутро имав средба со вработените во пералната. Тие веќе работат таму, се договоривме и ги информирав дека е во тек процесот со кој пред 10 дена Владата ме...
Завршија превентивно – конзерваторските работи на вовчето Ќирчо
Завршија превентивно –конзерваторските работи на вовчето Ќирчо, со што локомотивата и трите вагони се заштитија од штетните атмосферски влијанија.
Зафатот го изведе компанија од Кичево а средствата во износ од 100.000 денари ги обезбеди Министерството за култура и туризам.
- Вовчето Ќирчо лоцирано пред железничката станица во Кичево пред половина век, во изминатите три седмици целосно беше ревитализирано, а парите за...
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило, а пожарникари го спасуваа од бездна
Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена пријава против лицето, од кое на социјалните мрежи беше објавено видео и фотографии како влече куче врзано за автомобил.
- На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово - Крива Паланка на патничко моторно...
Дачиќ: Демонстрантите се одговорни за најголемиот број повредени во протестите во Србија
Во немирите што се случија синоќа и во текот на ноќта, повредени се десетици граѓани и полициски службеници, како и седум припадници на специјалната единица на Војската на Србија „Кобри“ задолжена за обезбедување на лица, соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тој ги обвини демонстрантите дека предизвикале најголем дел од повредите.
Повеќе градови во Србија беа зафатени со судири...
Намалена вредноста на договорените и извршените градежни работи во странство
Македонската градежна оператива во првите шест месеци од годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33,71 милиони денари што е за 68,2 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година.
Вкупната вредност, пак, на договорените градежни работи во странство во првите шест месеци од 2025 година изнесува 61,78 милиони денари и е за 70,7 отсто...








































