ФИЛЕТИЗАМ ИЛИ ПРОКЛЕТСТВО!

„Почитувани читатели на „Нова Македонија“, Предолго, Балканот се соочува со една опасна и потценета закана: сенката на „филетизмот“ — теолошката и етно-политичка ерес осудена уште во 1872 година од Цариградската патријаршија, која и понатаму ја труе нашата реалност. Иако формално осуден, филетизмот продолжува да ги манипулира верските чувства за остварување на ниски, политички цели, поткопувајќи го единството и хармонијата во...

Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска ќе се сретнат во Алјаска, најголемата и најоддалечена американска федерална држава, за да разговараат за прекин на војната во Украина. Средбата е закажана во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон, на околу 10 километри од Енкориџ, за која Си-eн-eн наведува дека е единствената во Алјаска што ги исполнува безбедносните барања. Почетокот на самитот, кој...

На синоќешните протести низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени

На синоќешните протести низ Србија се повредени 42 полицајци, од кои 26 во Белград, седум во Ваљево, девет во Панчево, додека 37 луѓе се приведени. Тоа го изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ околу полноќ откако полицијата воспостави јавен ред и мир во Белград и во дел од другите градови низ државата каде имаше антивладини протести втор...

Вучиќ најавува големи апсења поради немирите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека е можно да се види дека „прекрасните деца“ се само луѓе кои сакаат да уништат имот и истакна дека утре ќе има многу повеќе апсења отколку што имаше во изминатите два дена. - Она што мислам дека е многу важно е што луѓето можеа да видат се и да разберат се -...

Протести низ Србија, демолирани простории на СНС во Нови Сад, тензии во Белград и други градови во државата

Демонстранти ги демолираа просториите на Српската напредна странка во Нови Сад вечерва откако претходно организираа собир пред Безбедносната и информативна агенција (БИА) во градот. Демонстрантите извикуваа слогани против српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС и фрлаа камења кон просториите каде вчера имаше големи инциденти откако приврзаници на таа партија фрлаа со пиротехника кон луѓето кои протестираа. . Вечерва пред просториите на...

Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување пожар

Полициски службеници попладнево лишиле од слобода две лица во Куманово и Тетово, поради постоење основани на сомнение за предизвикување на пожар, информираат од Министерството за внатрешни работи. - Денеска во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело "предизвикување на општа опасност". Имено во населбата...

Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта

По два БТР и „хермелини“, четири „пинцгауери“ и повеќе противпожарни возила и ноќва ќе се фокусираат на одбрана на објектите на Јавното претпријатие „Јасен“, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој во видео-изјава објавена на Јутјуб рече дека во моментов, освен пожарот што веќе неколку дена беснее на територија на ловиштето „Јасен“, во државата...

ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест

На територијата на државата до 18 часот има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, еден е под контрола и изгаснати 20 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот на подрачјето на „Јасен“ каде гори мешана шума и пожарот на потегот меѓу селата Девич и Грешница, во Општина Македонски Брод, каде...

Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина

Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина и тоа зголемени. Ова го изјави вечерва Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади. Одговарајќи на прашања околу иселувањето на младите, Велковски, во гостување на телевизија „Канал 5“ рече дека економскиот дел е важен сегмент што најмногу влијае врз едно семејство за да...

Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор

Американскиот претседател Доналд Трамп процени дека постои 25 проценти ризик неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин утре во Алјаска, кога треба да разговараат за војната во Украина, да пропадне. - Тој состанок ќе го отвори патот за друг, но постои 25 проценти веројатност дека овој состанок во Алјаска да не биде успешен - рече американскиот претседател во интервју за...