Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани, велат од Сапорт Кочани
Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани обезбеди 176 парчиња специјализирана компресивна облека наменети за преживеаните лица од пожарот во Кочани.
Вредноста на оваа набавка, како што соопоштија од Граѓанската иницијатива, изнесува изнесува 2.193.047 денари, средствата кои се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони...
Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани, порача Љутков
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола Најдовски и ги посети институциите од областа на културата што го обликуваат културниот живот во овој регион.
Во рамките на посетата, како што информираат од Министерството за култура и туризам, Љутков ја разгледал меморијалната поставка посветена на великанот на македонската...
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово – Дојран
На патот Валандово - Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки во движење, управувано од Г.З., 56-годишно лице од Република Србија. Ова било пријавено синоќа во 22:44 часот во Секторот за внатрешни работи - Струмица.
Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, од екипа на Територијалните противпожарни...
Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана, порача Мисајловски
Македонската Армија денеска го слави својот 33-ти роденден, а тоа се 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните, истакна во свое обраќање на централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Армијата - 18 Август во Касарната „Јане Сандански“министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Денес, можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме Армијата и...
Пријавени 13 кандидати за претседател на ДКСК, ќе се одлучува по локалните избори
Од македонското Собрание денеска информираат дека рокот за пријавување за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заврши и оти се пријавиле вкупно 13 кандидати.
- Со оглед на тоа што постапката е прекината, прекината е и административната селекција. Имињата ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на административна селекција на пријавените кандидати. Засега може да го...
Од 21 до 25 август ќе се одржат Струшките вечери на поезијата
Од 21 до 25 август по 64-ти пат ќе се одржат Струшките вечери на поезијата, а Струга уште еднаш ќе биде центар на светската поетска сцена. Седумдесет поети од земјава и странство, критичари, преведувачи и литературни работници ќе учествуваат на манифестацијата. Покрај лауреатот, словачкиот поет Иван Штрпка, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет Матеуш Шимчик, на 64-тите Струшки вечери на поезијата...
Три активни пожари – во Јасен, Студеничани и Липково
Осум пожари на отворен простор се регистрирани до 12 часот денеска ширум државава. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активните се на територија на општините Македонски Брод, Студеничани и Липково. Мешана шума гори во „Јасен“. Мешана шума и ниска вегетација се опожарени...
Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Денот на Армијата - 18 Август, порача дека нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина.
-Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение...
Фото: Централна свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата
Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста беа построени ешалони од сите првопотчинети команди и единици на Генералштабот на Армијата, ешалони составени од новопромовираните офицери и подофицери во Армијата, а беше изложено и вооружување и опрема од Армијата.
На централната...
Блокадата на евроинтеграциите добива димензија на сериозен безбедносен ризик за Западен Балкан, порача Силјановска- Давкова
Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан, но и за ЕУ, оцени денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Силјановска-Давкова.
Во обраќањето на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 Август, што се одржа во штипската касарна „Јане Сандански“, Силјановска-Давкова порача дека природата на војната...








































