Фото: Маја Јаневска-Илиева

АТЛЕТИКА – ЗАПОЧНА ЕП ВО АТЛЕТИКА

  • Маратонската трка на програмата е на 16 август, со почеток во 8.10 часот по македонско време, а ќе има 64 учесници

Повеќе од 1.600 учесници од 48 држави се натпреваруваат во Бирмингем на Европското првенство (ЕП) за 2026 година, кое започна вчера и ќе трае до 16 август. Најголемиот атлетски настан на континентот, надвор од Олимписките игри и од светските првенства, првпат ќе се одржи во британски град.
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе биде единствениот наш претставник на ова ЕП. Маратонската трка на програмата е на 16 август, со почеток во 8.10 часот по македонско време. На трката ќе настапат 64 маратонци, а Ивановски е рангиран на 36. место и обезбедена норма со одличните резултати. Ивановски, кој во февруари 2024 година во Севилја го постави државниот рекорд со време 2:08:26 часа, оваа година на маратонот во Белград го истрча своето второ најдобро време од 2:09:35 часа.
Меѓу ѕвездите што треба да се следат на 27. Европско првенство во атлетика во Бирмингем се Одри Веро, Кили Хоџкинсон Фемке Бродерс-Бол во трката на 800 метри за жени, Арманд Дуплантис во скок со стап за мажи, Јакоб Ингебригтсен на 5.000 метри за мажи, Надија Батоклети на 5.000 метри и на 10.000 метри за жени, Карстен Ворхолм на 400 метри со пречки за мажи, Марсел Џејкобс, Ромел Глав, Џеремаја Азу на 100 метри за мажи, Дина Ашер-Смит, Ејми Хант на 100 и на 200 метри за жени, Катарина Џонсон-Томпсон и Кејт О’Конор во седмобој за жени, Матија Фурлани во скок во далечина за мажи и други. Г.И.