Српските студенти-демонстранти номинирани за наградата Сахаров

Српските студенти демонстранти се номинирани за наградата Сахаров, највисокото признание што го доделува Европската унија на борците за одбрана на слободата на мислата и човековите права. Номинацијата денес ја објави пратеничката на Европскиот парламент Ирена Јовева на социјалната мрежа X, наведувајќи дека таа и пратеникот на Европскиот парламент, Хелмут Брандштетер, ги предложиле студентите учесници во протестите за наградата Сахаров. - Остро...

Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници

Македонските аеродроми добија 16 нови дестинации во изминатата година, а наскоро се очекува објава на уште повеќе авиолинии, најави потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. - Најавувам дека во следниот период ќе се објават нови авиодестинации од македонските аеродроми. Сè уште ги преговараме, но многу брзо ќе ги објавиме - рече Николоски во гостување на Канал 5...

Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати

Од евидентирани вкупно 19 пожари на отворен простор низ државава, до 18 часот денеска активни се три, а 16 се веќе изгаснати. Од Центарот за управување со кризи информираат дека активни пожари има во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума во подрачјето на „Јасен“, во Општина Липково поточно во село Слупчане и во Парк шумата Водно, општина Центар, каде...

Во Киев се огласија сирени за водушна тревога пред состанокот во Вашингтон на европските лидери кои пристигнуваат во Белата куќа

napad na Kiev
Сирени за воздушен напад се огласија попладнево над Киев пред долгоочекуваните разговори во Вашингтон меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот лидер Доналд Трамп. Украинските Би-би-си објавија на социјалните мрежи дека е активирана воздушна тревога низ целата земја бидејќи е забележано полетување на руски авиони способни да носат хиперсонични ракети Кинжал што Москва ги користи во нападите. Европските лидери почнаа да...

Силјановска-Давкова: Да продолжиме да градиме силна и кредибилна армија

На централната свеченост по повод 18 август, Денот на армијата, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска нагласи дека филозофијата на самоодржливост, наследена од Илиденците и партизаните, претставува темел на македонската воена доктрина. Таа потсети дека армијата повеќе од три децении ја гради својата приказна како вистински чувар на татковината: од учество во...

Зеленски: Во Вашингтон ќе разговараме за безбедносната архитектура за Украина и ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска во Вашингтон, за време на заедничкиот состанок на лидерите на САД, Украина, други европски земји, ЕУ и НАТО, ќе се дискутира за идната безбедносна архитектура на Украина и Европа. Тоа беше објавено на веб-страницата на претседателот на Украина по средбата на Зеленски со специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог....

Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија

Седница на Советот за национална безбедност на Србија ќе се одржи утре и со неа ќе претседава претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Седницата на Советот за национална безбедност доаѓа по неколкудневните протести низ цела Србија, за време на кои имаше судири меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачите на Српската напредна странка, а за време на кои во неколку наврати беа демолирани...

Трамп: Знам што правам – окончав шест војни за шест месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека окончал шест војни за шест месеци, но дека мора да слуша многу луѓе кои му велат дека го прави тоа погрешно. - Точно знам што правам. Окончав шест војни за шест месеци, од кои едната беше потенцијална нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и да слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои...

Пред да се види со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со европските лидери присутни во Вашингтон денеска, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Европската комисија. Тоа ќе биде „подготвителен состанок“ што ќе се одржи пред средбата со американскиот претседател во Белата куќа, соопшти Европската комисија. Зеленски рече дека Русија не треба да биде наградена за нејзината инвазија на Украина. -(Рускиот претседател Владимир) Путин...

Расте рејтингот на Трамп по средбата со Путин

Рејтингот на одобрување на американскиот претседател Доналд Трамп се зголеми по средбата со рускиот колега Владимир Путин, при што повеќе од половина од американските гласачи (54 проценти) го одобруваат неговото работење, според анкетата спроведена од американската агенција за истражување на јавното мислење „Инсајдер адвантиџ“. Се забележува дека 44 проценти немаат позитивно мислење за Трамп, додека два проценти се неодлучни, според...