Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, истакна Мицкоски
Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево - Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, се гради и се надминуваат долгите години на застој - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето на делницата Климештани-Охрид во должина од 17 километри, во близина на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле.
-Автопатот Кичево-Охрид, е од стратешко значење за нашата земја....
Побарано воздушно дејствување врз пожарот во Липковско на страната од Скопска Црна Гора, соопшти ЦУК
Барањето за воздушно дејствување врз пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци во општина Липково од градоначалникот на таа општина е процесуирано до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и до Национални шуми, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Воедно информираат дека во моментов сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско, но, попладнето може да бидат...
Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област
Украина изврши напад врз нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област и предизвика „големи оштетувања поради избувнатиот пожар“ - соопшти на „Телеграм“ командантот на украинските беспилотни сили Роберт Бровди.
Нафтоводот „Дружба“ се користи за транспорт на руска сурова нафта кон Унгарија и Словачка, кои продолжуваат да ја купуваат од Москва и покрај тоа што поголемиот дел од земјите на Европската Унија...
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“
Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба - изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на одделението за...
Голем пожар во зградата на украинската Влада во Киев
Утрово избувна пожар во зградата на Владата на Украина во центарот на Киев - објави украинскиот ТВ канал „Обштественое“.
- Во Печерскиот реон зградата на кабинетот е во пламен - се наведува во објава на „Телеграм“.
Порталот „Страна.уа“ објави фотографија на која се гледа густ чад над Плоштадот на независноста.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда...
Руска вакцина против рак подготвена за употреба
Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца - објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА).
- Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа...
Франција на работ на економска и политичка криза, претениците ќе расправаат за гласање недоверба за Бајру
Франција се соочува со можноста да добие свој петти премиер за помалку од две години, економска криза и закана од дополнителни граѓански немири ако парламентарниот застој не се реши во наредните денови.
Француските пратеници ќе расправаат за гласање за недоверба на сегашниот премиер на земјата, Франсоа Бајру, утре попладне. Ако, како што се очекува, тој изгуби, тоа ќе ја продлабочи...
Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината
Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во земјава.
Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје утринава информираше дека земјотресот е регистриран вчера во 20 часот и 39 минути и е со Рихтерова локална магнитуда, 2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот...
Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени при гасењето
Неколку пожарникари сте здобиле со повреди при гаснењето на пожарот што избубна вчера во фабриката Макпрогрес во Виница позната по брендот Винчини. Пожарот е ставен под контола - изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спаусвање Стојанче Ангелов.
-Опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), сите имале сончеви панели на покривот. Спасени се...
Гоцевата дружина – луѓето што будно го чуваа споменот за Делчев
Ова се луѓето што застанаа зад Делчев, Македонија и македонството. Ова се луѓето што будно ги чуваа неговото име и спомен. Ова се луѓето што ни го донесоа Гоце во Македонија. Ова се луѓето што ја трасираа и обележаа патеката кон она што сме ние денес - Македонци, вели Диме Ратајкоски
Не случајно се вели - една фотографија илјада збора....







































