ФОТОГАЛЕРИЈА: Помрачување на Месечината
Помрачување на Месечината е астрономски феномен кога Земјата ја помрачува светлината што од Сонцето патува кон Месечината.
Скопското астрономско друштво постави два телескопи на плоштадот Македонија во Скопје. Сите љубители на астрономијата имаа можност одблиску да ја набљудуваат оваа појава што се случи вечерта на 7 септември и траеше помалку од 3 часа. Месечината изгреа околу 19 часот веќе делумно...
ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија доминантна против Лихтенштајн
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5-0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026.
Македонските репрезентативци беа расположени за игра, а серијата голови ја отвори Ељиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на...
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“, увидот не е почнат, траат активностите за обезбедување на локацијата
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
- Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот - информираат...
Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец
Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ на следната генерација католици пример за некој што користи технологија за ширење на верата.
Папата го канонизираше Карло Акутис, кој почина во 2006 година, за време на миса на плоштадот „Свети Петар“ на која присуствуваа десетици илјади луѓе, многу од...
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба поднесе оставка
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска поднесе оставка, по помалку од една година на функцијата, откако неговата Либерално-демократска партија го изгуби апсолутното мнозинство во Горниот дом на Парламентот.
- Одлучив да поднесам оставка од функцијата претседател на Либерално-демократската партија - рече Ишиба. Лидерот на владејачката партија станува де факто премиер на Јапонија.
Јапонската телевизија претходно денеска објави дека премиерот Ишиба има намера...
Хоспитализирани 13 лица по пожарот во Макпрогрес Виница, соопштија од Министерството за здравство
Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба - соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во...
Србија предупредува: Воените блокови на Балканот го загрозуваат мирот и стабилноста
Српското Министерство за надворешни работи соопшти дека со загриженост ги следи изјавите и најавите на одредени функционери во регионот во врска со потпишувањето и проширувањето на билатералните договори за воена соработка, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да предизвикаат нови тензии на Балканот.
- Србија потсетува дека целиот Балкан останува чувствителна постконфликтна област во која зачувувањето на мирот и стабилноста...
Кај малолетник пронајдени пиштол и куршуми, се обидел да бега од полицајците, но бил фатен
Полициски службеници вчера лишиле од слобода 16-годишен малолетник, кај кого биле пронајдени пиштол и куршуми - соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 18.10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал...
Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, истакна Мицкоски
Пуштањето на уште еден дел од делницата Кичево - Охрид, е силен доказ дека Македонија се движи напред, се гради и се надминуваат долгите години на застој - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето на делницата Климештани-Охрид во должина од 17 километри, во близина на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле.
-Автопатот Кичево-Охрид, е од стратешко значење за нашата земја....
Побарано воздушно дејствување врз пожарот во Липковско на страната од Скопска Црна Гора, соопшти ЦУК
Барањето за воздушно дејствување врз пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци во општина Липково од градоначалникот на таа општина е процесуирано до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и до Национални шуми, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Воедно информираат дека во моментов сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско, но, попладнето може да бидат...






































