Ало, Брисел, има ли пилот во твојот авион?!

Токму поради ваквите примери, кои даваат јасна слика во каков неред се наоѓа Брисел, Европа се доживува како сѐ помалку кредибилна, па затоа и не треба да зачудуваат барањата од македонска страна да добие јасни гаранции за својот европски пат, имајќи ја предвид европската неконзистентност, но и бугарската практика на постојано ретерирање од ставовите, со исклучок на оние што...

Европските ѕвезди вшмукани во црната дупка

Нефункционалност на политичкото водство на европскиот блок И бриселскиот портал „Еурактив“ ја истакнува нефункционалноста на политичкото водство во Брисел по повод непреземањето акција за спроведување на своевидниот план за итна акција за „спас на Европа“ на поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги, токму на годишнината од претставувањето на споменатиот европски стратешки документ Затемнувањето на...

Уште гори во Дрисла

Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ држававав утрово до седум часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга. Под контрола се пожарите во општините Берово и Струмица. Кај...

Трамп го искритикува Нетанјаху: Бомбардирањето на нашиот сојузник не е во ничиј интерес

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека се чувствува „многу лошо“ поради израелскиот напад во Доха, нагласувајќи дека го смета Катар за „силен сојузник и пријател“ на САД. „Сакам сите заложници и телата на загинатите да бидат веднаш ослободени, и оваа војна да заврши, СЕГА! По нападот, разговарав со премиерот Нетанјаху. Премиерот ми рече дека сака мир. Верувам дека овој несреќен...

Џејмс: Ја сакам играта, но нема да бидам тренер

НБА Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, НБА-играчот, Леброн Џејмс, секако дека е еден од најголемите играчи во историјата на кошарката. Но, кога станува збор за животот по неговата играчка кариера, тренерството нема да биде дел од неговите планови, освен можеби кога станува збор за неговите синови. - Не, не, нема тренерство за мене. Бев инспириран од играта. Ја сакам играта, но...

Полска објави дека соборила руски дронови кои навлегле во нејзиниот воздушен простор

Полската војска рано утринава објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина. „Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, објави Полската оперативна команда. Оттаму додадоа дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во своите домови. Полска е членка на НАТО, трансатлантски...

Продолжува судењето за „Онкологија“: Ќе се изнесуваат докази против поранешниот директор Васев и двајца онколози

Случајот „Онкологија“ против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи без второобвинетета Мери Пешевска која призна вина. Васев и двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред...

Јавниот увид во Избирачкиот список завршува утре

Јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна на 13 септември на полноќ завршува рокот за доствување на листите за кандидати за градоначалници и за советници. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје...

Во израелскиот напад во Доха загинаа шест луѓе, но преживеа раководството на движењето, објави Хамас

Членот на политичкото биро на Хамас, Сухеил ал Хинди за катарската телевизија „Ал Џазира“ изјави дека во денешниот израелски напад во Доха има неколкумина загинати, но дека лидерите на движењето преживеале. Лидерите на Хамас го преживеаја овој кукавички обид за атентат, вклучително и главниот преговарач Халил ал Хаја - наведе ал Хинди. Тој додаде дека во нападот настрадале синот на Хаја...

Лекорну именуван за нов премиер на Франција

Sebastien Lecornu
Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорну е именуван за нов премиер на Франција. Лекорну (39), некогашен десничар и соработник на претседателот Емануел Макрон е именуван за премиер откако Франсоа Бајру денеска официјално поднесе оставка. Францускиот Парламент вчера ја разреши владата на премиерот Бајру по само девет месеци на власт. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници...