Фото: МВР

Во акциската контрола спроведена вчера од 17 до 23 часот низ целата држава, полицијата санкционирала 222 возачи на мотоцикли, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најголемиот дел од прекршителите – 186 мотоциклисти – управувале без заштитна кацига.

Полицијата привела 14 возачи поради кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, бидејќи сите возеле без возачка дозвола. Во акцијата биле одземени и 14 мотоцикли.

За време на контролата биле евидентирани и санкционирани уште 197 други сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, а апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите за поголема безбедност на патиштата.