Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива, вели Мицкоски
Забавување на инфлацијата на месечно ниво е добар индикатор и за базичната инфлација, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој очекува трендот да продолжи и да се дојде до под три проценти. Во денешната изјава за медиумите, одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа дека водат стабилна макроекономска политика.
- Да, тоа е месечната ставка, вклучително и годишната стапка. Ако се...
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
Руското министерство за одбрана се огласи по упадите на руски дронови во полскиот воздушен простор, за што претходно извести Варшава.
- Целите на нападот се остварени. Сите одредени цели беа погодени. Ниту една цел на територијата на Полска не беше планирана како мета - се наведува во соопштението на министерството.
Тие додаваат дека дострелот на руските беспилотни летала користени во нападот,...
По нарушувањето на полскиот воздушен простор активиран членот 4 од Договорот за НАТО
Претседателот на Полска, Карол Навроцки најави свикување на Националниот совет за безбедност во следните 48 часа. Неговата одлука уследи по синоќешното нарушување на полскиот воздушен простор за време на рускиот напад со дронови врз западна Украина.
- Веста дека во рок од 48 часа ќе имаме целосни информации за тоа што се случи во Полска ме наведе да одлучам да...
Мицкоски: Ние не ги создадовме „Вардариште“ и „Дрисла“, но ќе ги решиме
Депонијата „Вардариште“ не ја создаде оваа Влада во изминатите 15 месеци. Тоа е создавано 35 години, а може и повеќе, ама ние ќе го решиме. Ќе ја средиме и депонијата „Дрисла“, ќе ја спакуваме и ќе личи на модерна европска депонија со фабрика, која ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот. Тоа го вети денеска...
Русија тврди дека Полска не доставила докази оти соборила руски дронови
По синоќешното нарушување на полскиот воздушен простор за сега реагираше само рускиот вршител на должноста амбасадор во Полска, Андреј Ордаш.
Тој истакна дека Полска не доставила никакви докази кои укажуваат дека се соборени руски дронови.
Ордаш потврди дека по инцидентот е повикан во полското Министерство за надворешни работи.
Минск тврди дека дроновите „се изгубиле“ и оти и белоруските сили собориле неколку беспилотни...
„Македониумот“ ќе го реконструираме и ќе му ја вратиме заслужената слава, најави Митева
Споменикот „Македониум“ во Крушево нема да биде оставен да пропаѓа, ќе го реконструираме, ќе го сочуваме и ќе му ја вратиме заслужената слава, најави денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.
Таа соопшти дека е обезбеден проект за интервентна заштита за споменикот во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод...
Алиу: Потпишуваме меморандум со трите најголеми приватни здравствени установи, ги зајакнуваме капацитетите
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги посети трите најголеми приватни здравствени установи во земјава, „Ре-Медика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“, со цел потпишување заеднички Меморандум за соработка.
Со овој меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу Министерството за здравство и приватните здравствени установи, со која ќе се овозможи ангажирање на здравствен кадар - специјалисти од приватниот сектор во јавните...
Сирењето го зголемува ризикот од кошмари
Оние што не можат да се откажат од сирење и други млечни производи и кои се нетолерантни на лактоза, се изложени на висок ризик од доживување кошмари за време на спиењето. Ова тврдење го наведоа канадски експерти во студија во која учествувале повеќе од илјада испитаници студенти во Едмонтон. Студијата покажа дека дури една третина од студентите редовно доживуваат...
Модна палета за оваа сезона – од лаванда до ф’стак
Бојата на облеката што ја избираме за посебни пригоди или секојдневен стил не мора да зборува за нашиот карактер, но секако дава индиции за нашето моментално расположение. Налето, топлите денови и пријатните вечери секогаш носат нова енергија, па затоа деновиве можете да видите живи нијанси на улиците, но и класични, како што се бела или беж. И додека, традиционално,...
Билазора – антички македонски град
Кралот Филип Петти го зазел Билазора, најголемиот град во Пајонија, многу погодно расположен за владеење со преминот од Дарданија до Македонија, така што со ова достигнување бил речиси целосно ослободен од стравот од Дарданците бидејќи повеќе не им било лесно да надоаѓаат во Македонија сè додека градот на Филип му давал власт над преминот, Полибиј
Знаменитостите на Македонија
Билазора е пајонски...







































