Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

Дождот што заврна утрово во Скопје нема да помогне многу за гаснење на пожарите на депонијата Дрисла и на Вардариште, што траат веќе неколу дена, оценува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој вели дека во претходните денови биле фрлени тони и тони вода, но чадењето продолжува. Бидејќи гаснењето со вода не давало резултати, се пристапило кон...

„Денови на хрватски филм“ во Кинотека на Македонија

„Денови на хрватски филм“ е манифестација што ќе се одржува од понеделник, 15 септември до сабота, 20 септември 2025 година, со проекции што почнуваат во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Публиката ќе има можност да се запознае...

Потребни се разбирање, поддршка и професионална помош

Многу е важно да се промени наративот за самоубиството – наместо осуда кон лицата што имаат такви тенденции, неопходно е да им се понудат разбирање, поддршка и професионална помош, како и грижа за нивните семејства и најблиски. Често сведочиме на ситуации во кои општеството брзо ги осудува семејствата на таквите лица наместо да им помогне да се справат со...

Врвен приоритет: Пуштање во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградба на трите кружни текови на излезот и влезот на оваа клучна сообраќајница за главниот град

Интервју со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот на оваа клучна сообраќајница за главниот град, вели Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, во интервјуто за „Нова Македонија“. Скопје, вели меѓудругото Ѓорѓиевски, може да престане да...

Пирамидална финансиска платформа оштети илјадници граѓани

По неколкугодишно функционирање, во Хрватска на почетокот на оваа седмица, без претходни најави, прекина со работа голема пирамидална платформа, оставајќи илјадници Хрвати со загуби тешки по неколку илјади евра. Голем број Хрвати веќе се огласија на социјалните мрежи со сведоштва дека на пирамидалната платформа ги вложиле и своите животни заштеди и останале без нив... Станува збор за платформата „Ксуекс“...

Косовскиот премиер најавува буџет од една милијарда евра за Косовските безбедносни сили?!

Забрзаното вооружување и милитаризацијата на Косово, со скорешно формирање заедничка воена единица со вооружените сили на Република Албанија, опремувањето на Косовските безбедносни сили (КБС) со најсовремени оклопни возила и беспилотни летала, отворањето фабрика за муниција итн. отвораат едно ново поглавје во воено-безбедносните перспективи на Косово, но и создаваат една нова реалност на регионалните безбедносни и политички состојби во нашето...

Македонистката Кристина Крамер и преведувачот Роли Гроу добитници на наградата „Драги“ за превод на поезија на Ацо Шопов

Македонистката Кристина Крамер, професорката која 35 години предава македонски јазик на Катедрата по славистика на Универзитетот во Торонто и преведувачот Роли Гроу се годишните добитници на Меѓународната награда „Драги“ што се доделува за најдобар книжевен превод на дела од македонски автори на странски јазик. Крамер и Грау престижното признание го добиваат за нивниот превод на избрани дела на нашиот поет...

Клокоти во Франција

Инфлацискиот бран од последните години сè уште се чувствува, поттикнувајќи ја фрустрацијата на „сиромашна и декласирана“ Франција. Намалувањето на невработеноста не го спречи зголемувањето на стапката на сиромаштија. Кој или што стои зад движењето „Блокирај сè“ во Франција? Повеќеслојната криза сериозно се одразува врз животниот стандард на Французите Меѓу поплаките на Французите што ќе се приклучат на блокадите на повеќе места...

Ристовски: Спортот е двигател на здраво и просперитетно општество

Самитот ја поставува Македонија како центар на регионалната спортска соработка, место каде што спортот ја покажува својата најголема сила – да ги обединува луѓето, државите и културите РЕГИОНАЛЕН СПОРТСКИ САМИТ „СКОПЈЕ 2025“ Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, вчера во Скопје беше отворен регионалниот спортски самит „Скопје 2025“, кој се одржува под покровителство на Министерството за спорт...

Нема план Б за Вуелта и покрај повеќето протести

Сакаме да ги одбраниме нашиот спорт и нашата трка и затоа сакаме да продолжиме, вели директорот на трката, Гилен ВЕЛОСИПЕДИЗАМ Организаторите на годинешнава велосипедската трка Вуелта (Шпанија) ја повторија својата решеност да ја завршат во Мадрид в недела, како што беше планирано, и покрај пропалестинските протести што ја прекинаа 16-та етапа во вторникот. Најновата етапа, која ја освои Колумбиецот Еган Бернал,...