Народната банка најави мерки за олеснето кредитирање за купување прв стан

Од 1 декември, учеството за станбен кредит за оние граѓани кои за првпат сакаат да купат стан ќе биде 10 проценти, а за сите останати се зголемува од постојните 15 на 25 проценти. Ова се овозможува со одлуката за макропрудентни мерки што денеска на седница ја усвои Извршниот одбор на Народната банка. Гувернерот Трајко Славески на прес-конференција по завршување на...

Одложено судското рочиште за предметот „Адитив“

Sudenje ADITIV
Поради отсуство на претставник на правното лице „Контракси компани“ ДООЕЛ Неготино, денеска, беше одложено судското рочиште за предметот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“, денеска,...

За една недела првични резултати за загаденоста на воздухот во Трубарево, истакна Мираковски

Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два...

Прв регионален феминистички фестивал во Скопје – театар, музика, изложби

Фондацијата „Фридрих Еберт” – Канцеларија Скопје најавува дека за првпат во Скопје ќе се одржи регионалниот феминистички фестивал „Еден свет, една борба”, од 19 до 21 октомври 2025 година. Овој фестивал претставува уникатна платформа за уметничко и општествено изразување, преку која регионални и европски уметници ќе говорат за најзначајните теми на нашето време, а тоа се родова еднаквост, феминизам,...

Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови

Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ, туку за нив да владее принципот на добра волја, добросовесност и поддршка на другите земји, да се решаваат низ комуникација, низ културен и научен дијалог, низ културна соработка, за да се создадат мостови...

За трајно решавање на депонијата Вардариште потребен е системски и мултиинституционален пристап, вели Тошковски

Во рамки на дивата депонија Вардариште, за жал, живеат над 200 луѓе. Станува збор за проблем што го има многу години наназад, а за негово трајно решавање потребен е системски, темелен и мултиинституционален пристап, што за жал, не може да се направи за недела, месец - два - изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одговарајќи на новинарски прашања по...

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла, информира Ангелов

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја - изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Изутрината на неколку места имало чадење, но веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување со земја и песок. На местото на пожарот се останати екипи на скопската противпожарната бригада за...

Граѓани го блокираа мостот „Близнаци“ – бараат трајно решение за дивата депонија во Вардариште

Жителите на Ново Лисиче и околните населби од утрово го блокираа мостот „Близнаци“ во знак на револт поради депонијата Вардариште, која со години го загадува воздухот и ја труе околината. Иако огнот на депонијата во моментов е изгаснат и има обезбеден 24-часовен надзор, граѓаните порачуваат дека тоа не е доволно и бараат трајно системско решение. Според нив, само целосна санација...

Иван Беќковиќ: Се обидувам да оставам вистински траги во ова бесмислено море на лажни вредности

По се што ми се има случено, мислам дека имав не толку обичен живот. Денес ми е многу важно се што ќе излезе од мене да има некаква смисла. Се што ќе кажам, напишам..., вели Беќковиќ Иван Беќковиќе е познат македонски радио водител, новинар и музички критичар, кој долги години остава вистински траги во светот на музиката, на креативните, на...

Љутков: Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма, но ќе биде модерен симбол

Новата Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со цел почитување на колективната меморија, ќе располага со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, подвлече министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по денешната презентација на визуелното решение на култниот објект за скопјани. - Денеска пред македонската јавност го презентиравме визуелното решение...