Тројца починати во семејна драма во Велес, телата пратени на обдукција

Доцна вечерва заврши увидот на  јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74-годишен татко, а стрителот 39-годишен скопјанец...

Предвидено било пожарот во Трубарево да се гасне најмалку седум дена, а е изгаснат за 30 часа, вели Мицкоски

Пожарот во Трубарево е изгаснат и нема чадење уште во текот на вчерашниот ден. Иако експертите ни велеа дека ќе ни бидат потребни седум дена тој да биде згаснат, ние тоа го сторивме за 30 часа благодарение на координираноста на институциите и на пожарникарите, вели премиерот Христијан Мицкоски. - Во Трубарево нема чадење уште во текот на вчерашниот ден, а...

Се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање. - Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги...

Гиновска: Имало надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот на денот на пожарот во Трубарево

Pozar Trubarevo
Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево покажуваат зголемување на сите параметри од два до три пати од дозволеното, а јаглерод моноксидот чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорка на Државниот инспекторат за животна средина...

ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево

Нема отстапување во вредностите по однос на радијација во мострите што се земени за анализа од воздух и почва, а не се регистрирани ниту тешки метали во примероците од вода од засегнатото подрачје по пожарот во Трубарево. Резултатите за радијација во водите и тешки метали од почвата се очекуваат во текот на утрешниот ден, информираат од Институтот за јавно...

Поради загадувањето и пожарите на Вардариште, Дрисла и Трубарево, граѓаните секој ден на протест

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, утрово во 07:30 часот, одржа протест кај мостот „Близнаци“ што ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. - Го преземаме овој чекор поради глувите уши на властите за нашите барања и зголеменото труење на ова население - се вели во најавата на иницијативата „Стоп за вардариште“, која во последните денови организираше протести на истото место,...

Итната помош имала 13 интервенции во Трубарево

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место. – Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на...

Русија планира изградба на 38 нови нуклеарни реактори

Русија, еден од најголемите корисници на нуклеарна енергија, сака значително да го зголеми својот капацитет, јави ДПА. Претседателот Владимир Путин постави цел во следните две децении Русија да се зголеми уделот на нуклеарната енергија во вкупното производство од сегашното ниво од малку помалку од 20 отсто на 25 отсто, пренесува германската агенција. Планот денеска го објави Алексеј Лихачев, првиот човек на...

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

nuklearni raketi
Американскиот министер за енергетика Крис Рајт на денешната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изјави дека иранската програма за збогатување на ураниум треба целосно да биде прекината. - Доколку сè уште не е доволно јасно, ќе го повторам ставот на САД за Иран. Нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи ги сите капацитети за збогатување (ураниум) и преработка (плутониум), мора...

Вечер на музика и уметност во КИЦ Истанбул

Концерт на Александра Кировска (гитара) и Мила Николовска Ѓумар (сопран) – Изложба на Давид Атанасоски - Македонскиот Kултурно-информативен центар во Истанбул на 17 септември 2025 година (среда) ќе биде домаќин на двоен културен настан, кој ќе ја обедини музиката и ликовната уметност. Програмата ќе започне во 19:00 часот со концерт на Александра Кировска (гитара) и Мила Николовска Ѓумар (сопран). Публиката ќе...