На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се ставени под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Единствениот активен пожар е во Стопански Двор, во Општина Ѓорче Петров, каде што гори сува трева и грмушки.
Под контрола се пожарите во Општина Кавадарци, кај селата Раец, Ќесендре и Дреново, каде што беа зафатени нискостеблеста шума и ниска вегетација, во Општина Крива Паланка кај селото Мождивњак, на локалитетот Острец, каде што гореше шума, кај ресторанот „Сирач“ во Општина Тетово, каде што беше зафатена сува трева, како и во селото Горна Лешница, Општина Желино, каде што горело ѓубре.
Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селата Глуво, Мирковци и Кучевишка Бара во Општина Чучер Сандево, на улицата „Скупи“, кај сервисот „Агромеханика“ во Општина Карпош, во Скопско Поле во Општина Гази Баба, кај Тумбе Кафе во Битола, на улицата „Дебарска“, кај месноста Теќе во Прилеп, кај селото Лабуништа во Општина Струга, како и меѓу селата Шемшово и Сиричино во Општина Теарце.






























