Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана

Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ денеска го доби решението за регистрација во судот во Тирана, кое на претседателката Елена Симонофски и беше врачено од Албан Дурај, од адвокатското студио „Duraj Law Firm“ - Тирана. Веста ја објави Дурај кој на Симонофски и посакал успех во мисијата на оваа организација, која, како што наведува се фокусира на заштита на правата на македонската заедница...

Тошковски: Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина

Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по уништувањето на запленети дроги и оружје во кругот на фабриката „Макстил“. Со процесите на уништување на секој грам дрога и секое парче оружје, посочи дека државата покажува оти безбедноста на граѓаните во земјава и безбедноста на младите се крева на едно повисоко ниво. Во...

Денови на хрватскиот филм во Кинотеката

Во Кинотека на Македонија до 20 септември публиката ќе може да биде дел од Деновите на хрватскиот филм. Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешни дела на хрватско кино. Церемонијата на отворањето ќе...

Фотомонографија на Бранко Ивановски, најголемиот хроничар на повоено Кавадарци

Фотомонографијата не е само омаж за еден фотограф, таа е благодарност од еден град за човекот што повеќе од четири децении ги чуваше неговиот лик и сето она што навистина вредеше да се запомни Меѓу многубројните културни настани во рамките на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, годинава значајно место имаше промоцијата на фотомонографијата на најголемиот хроничар на повоениот развој на Кавадарци, Бранко...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Танго маратон во Скопје

Второто издание на танго маратонот Емоции, грчка верзија, се одржа од 11 до 15 септември 2025 година, во Скопје. Танго танчерите можеа непрекинато да танцуваат по 7 часа секоја вечер на музика подготвена од тим танго диџеи кои допатуваа од Грција. Маратонот се одржа во елегантен хотел, во чија сала беше монтиран дрвен под, опремена со професионално акустично озвучување...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Пеливански турнир во Студеничани

На фудбалскиот стадион во Студеничани, вчера, на 14 септември 2025, се одржа пеливански турнир „Традицијата продолжува“ организиран од Федерација за пеливанско борење на Македонија. На турнирот пеливаните се натпреваруваа во пет категории според возраста и тежината. Покрај домашните натпреварувачи, учествуваа пеливани и од Косово, Албанија, Турција, Грција и Бугарија. Пеливанството се смета на најстара форма на народен боречки спорт, а...

Се градат игралишта во Гази Баба

Скопје Tри активни градилишта се градат во општината Гази Баба, информираат од општината. Во Идризово се гради модерен спортски центар со терени за мал фудбал, кошарка, фитнес-зона и детско катче – простор за здрав живот и дружење на сите генерации. Во Трубарево, новата детска градинка е во завршна фаза и наскоро ќе се отворат вратите за најмладите. Во Хиподром се...

Сензорна соба за ОУ „Димитар Македонски“

Скопје ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче ја доби првата сензорна соба. Просторијата е внимателно опремена и приспособена за дечињата на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка, овозможувајќи им безбедно, смирувачко и поттикнувачко опкружување за учење и развој. Сензорната соба не е само простор туку е прегратка, поддршка и мост кон инклузијата. Во општината Аеродром вакви соби веќе постојат во...

По 30 години – реконструкција на патниот правец преку Крњево до Мушов Гроб

Кавадарци Општина Кавадарци изведува градежни активности на регионалниот пат Р29171, кој води од Демир Капија, преку Крњево и Конопиште, до месноста Мушов Гроб, со приближна должина од 40 километри. Патниот правец е значаен за локалното население што секојдневно сообраќа по него. „Македонијапат“ во соработка и со одобрени финансиски средства од ЈПДП во висина од 60 милиони денари врши комплетна реконструкција на...

Обезбедени прочистувачи за воздух во детските градинки

Прилеп Детската градинка „Вишне“ во Прилеп доби од Ротари-клубот од Прилеп 21 прочистувач на воздух, кои ќе бидат распределени во занималните во објектите на градинките во Вишне и Бончејца и ќе придонесат за поздраво секојдневие на децата. Од општината велат дека ова е инвестиција во нивното здравје, нивниот правилен раст и развој, но и во создавањето почиста и побезбедна средина во...