Мицкоски: Предизвикот да се настапи на вакво натпреварување од највисок ранг е огромен

ЏУДО - ЕВРОПСКИ КУП ЗА СЕНИОРИ ДЕНЕСКА И УТРЕ ВО СКОПЈЕ Атмосферата во нашиот состав е на високо ниво. Репрезентативците се чувствуваат одлично. Ги повикувам сите што се слободни да дојдат и да ги бодрат нашите репрезентативци и да ја искористат можноста да уживаат во џудо-борбите, вели селекторот Мицкоски. Европскиот куп ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во...

Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони

Русија започна голем напад со ракети и дронови врз украинските градови преку ноќ, при што загина најмалку едно лице, а ранети се 13 други. Експлозии се слушнаа во градовите Павлоград и Николаев околу 4:40 часот наутро по локално време, соопштија локалните власти. Дополнителни експлозии подоцна одекнаа во регионот Днепар кратко по 6 часот наутро. Гувернерот на областа Днепропетровск, Сергеј Лисак, објави...

Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на почетокот на следната година да се придвижат работите во делот на гаранциите дека уставните измени ќе бидат последното барање на нашиот пат кон целосно членство во Европската Унија. Како што посочи на денешната средба со новинарите, по постетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на Софија, каде порача дека е крајно време Македонија да...

Битола ќе добие нов, впечатлив и модерен влез, најави Коњановски

Со забрзани градежни активности, булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп добива финален изглед. На терен се работи со дневни и ноќни смени – асфалтирање, поставување инсталации, уредување на тротоари и атмосферска канализација. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека распоредот на движење на возилата е организиран така што се минимизираат застои во сообраќајот, а воедно се овозможува квалитетна...

Масовна тепачка пред прилепската болница, тројца повредени и 13 приведени

Во Прилеп денеска биле приведени 13 лица по масовна тепачка пред градската болница „Борка Талески“ во Прилеп, во која биле повредени тројца, а полицијата морала да пука во воздух за да ја запре. Според информациите од СВР Битола, во прилепската полиција денеска околу 12 часот било пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу...

Ѓорѓиевски: Лебот нема да поскапи, бизнисот не е за замрзнување маржи

Цената на лебот нема да се зголеми, цената на пченицата е стабилна, а нема да има големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло, информираше денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Горан Ѓорѓиевски. Тој на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, нагласи дека бизнисот не е за замрзнување маржи, туку...

Нема да има предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори - рече Мицкоски на денешната средба со новинарите. Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да...

Планинарски марш за првото основно училиште на македонски јазик отворено во слободна Македонија

Осумдесет и двегодишнината од првото училиште на мајчин македонски јазик, отворено во слободна Македонија на 23 септември 1943 година,  ќе биде одбележана со планинарски марш во недела, 21 септември. ПЕД „Ендорфин“ Кичево е традиционален организатор на овој марш. -Третиот планинарски марш организиран во чест на првото училиште на македонски јазик ќе стартува во 8 часот наутро на 21 септември. Во 8.30...

Македонско друштво „Илинден“-Тирана му го честиташе изборот на Нико Пелеши за претседател на Собранието на Албанија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот, за претседател на парламентот, на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности во Албанија“. -Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое...

Одличен настап на трио „Анимато“ за затворање на Лешочкиот камерен музички фестивал

Со одличниот концерт на трио „Анимато“, вчера беше затворено петтото издание на Лешочкиот камерен музички фестивал. Публиката уживаше во дела на Трајко Прокопиев, Алексеј Шор, Едвард Елгар, Франц Доплер. „Анимато” е камерен состав, чија уникатност во изведбата и составот го вбројува во групата специфични и ретки, а го сочинуваат: м-р Светлана Димитриевска – пијано, м-р Даниела Неделковска -флејта и...