Фестивалот „Браќа Манаки“ е еден од највредните и најпрепознатливите македонски но и светски културни симболи, порача Силјановска Давкова

Фестивалот „Браќа Манаки“ несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски но и светски културни симболи, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова во видео обраќање пред аудиториумот во Битола. Како прокровител на фестивалот, прогласувајќи го за отворен, претседателката Силјановска Давкова посочи дека камерата за браќата Манаки беше повеќе од објектив. -Годинава фестивалот се одржува под мотото „Сон на платно“ што совршено...

Побаран притвор за четири лица, осомничени дека фрлиле бомба пред куќа во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека заеднички, со учество во дејствие на извршување или друг особен придонес подметнале експлозивна направа пред една куќа, информираа од ОЈО. Како што велат оттаму, според доказите прибрани по наредба на јавен...

Владата планира да набави 100 нови амбулантни возила

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски најави дека Владата планира да набави 100 нови амбулантни возила. На последната седница на Владата е донесена одлука Министерството за здравство да спроведе набавка на овие возила со одложено плаќање на пет години. - На последната седница на Владата помина Одлука со која се задолжи Министерството за здравство да...

Томовски: Досега околу 700 службени возила се обележани

Заклучно со вчера, до 16 часот, имаме околу 700 возила кои веќе се брендирани, обележани. Очекувам до последниот рок, 29 септември, дека сите возила ќе бидат обележани. Имаме соработка со сите институции и задоволен сум од динамиката, изјави вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Ивица Томовски. Во гостувањето на Сител Телевизија рече дека целта...

НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала

Зачестените упади во воздушниот простор на источните и југоисточните крила на НАТО од страна на Русија ги поттикна партнерите во алијансата да се потпрат на краткорочно распоредување на турски систем за воздушен надзор, објави ДПА. Обуката за користење на системот ќе биде организирана со помош на Украина, а треба да почне веќе следната недела. Полска и Романија, кои неодамна се соочија...

Пожар изби во Батинци, Ангелов вели дека има индиции дека е подметнат

Имаме целосна контрола врз пожарот над селото Батинци, општина Студеничани, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Ангелов информира дека пожарот избил денеска, околу 13 часот и додаде оти се работи за силен пожар за кој, како што рече,  има индиции дека е намерно подметнат бидејќи одеднаш се разви поголема линија во долот.   - Поради ветерот...

Франција со предупредување до Израел да не го анектира Западниот Брег за да спречи признавање на палестинска држава

Извор во кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди Израел да не го анектира Западниот Брег за да спречи признавање на палестинска држава, што и Франција има намера да го стори. -Анексијата со која се закануваат израелските претставници како одмазда за признавањето на палестинската држава објавено од Франција и неколку други земји е „јасна црвена линија“ - предупреди вчера...

Кина се надева дека САД ќе обезбедат отворен и фер пазар за кинеските компании

Министерството за трговија на Кина се надева дека САД ќе обезбедат отворено, фер и недискриминаторско деловно опкружување за кинеските компании да продолжат да работат во САД, вклучително и ТикТок. -Ставот на Кина за ТикТок е јасен - соопшти Министерството за трговија на земјата. Кина, исто така, ги поддржува преговорите што ги следат пазарните правила за да се постигнат решенија што се...

И покрај планот за забрана, осум земји од ЕУ сè уште купуваат руски гас

Осум земји-членки на ЕУ продолжуваат да купуваат гас од Русија, иако Европската комисија презентираше план за забрана на увоз на руска енергија, изјави портпаролката ЕK за енергетика, Ана-Каиса Итконен. Според неа, Белгија, Холандија, Франција, Шпанија и Португалија сè уште набавуваат руски течен природен гас, додека гас преку гасоводот Турски тек купуваат Грција, Словачка и Унгарија. - Не знаеме каде точно завршува...

Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум се потврдени, осум непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Во однос на изборот за Совет на Градот, поднесени се вкупно 20 листи, од кои пет се потврдени, 14 се непотврдени, а една е одбиена поради ненавремено поднесување. Изборната комисија...