Скопје пулсираше во знакот на спортскиот дух
ЏУДО - ЕВРОПСКИ КУП ЗА СЕНИОРИ
Претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски, со голема гордост и оптимизам, официјално го прогласи купот за отворен, посакувајќи им успех на сите учесници и ферплеј-борби. На татамите во Скопје изминативе два дена беа видени борбен дух преполн со адреналин, прекрасни борби и врвно џудо, кое само може да плени
Во свечена и спортска атмосфера во...
Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина, со хеликоптер
Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар и ОВЕ денеска со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице од Шар Планина, во реонот на Гостивар.
Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава дека на Шар Планина се превртело возило, а со повреди се здобил А.Џ., тие се упатиле на местото на настанот и повреденото лице е успешно преземено и транспортирано...
САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад, рече Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на европските сојузници во НАТО дека САД ќе помогнат во нивната одбрана во случај на руски напад.
На новинарско прашање дали ќе „помогне во одбраната на Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ја ескалира ситуацијата“, Трамп одговори: „ќе го сторам тоа“.
Сојузниците на НАТО треба да се состанат на почетокот од следната...
Локализиран пожарот што избувна кај скопскиот Аквадукт, соопшти ДЗС
Локализиран е пожарот што избувна во влизина на скопскиот Аквадукт, во близина на улица „Словенечка“, каде гореше ниска вегетација и ниска стеблеста шума - информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) со три противпожарни возила и девет пожарникари.
Под целосна контрола е пожарот, што избувна попладнево на отворен простор...
Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел, истакна Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел и вети дека ќе се бори против таквите повици пред Генералното собрание на ОН.
- Треба да се бориме во ОН и на сите други арени против лажната пропаганда против нас и против повикот за создавање палестинска држава што би го загрозило нашето постоење и...
Културното наследство е жив сведок на нашата историја и мост кон иднината, истакна Трајков
Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков присуствува на Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – Lychnida, кој се одржува во Охрид, град на УНЕСКО. Пред многубројните амбасадори, професори, домашни и странски гости, заменик-министерката зборуваше за културното наследство на нашата земја, глобалната соработка и одржливиот развој.
-Културното наследство е жив сведок на нашата историја, на генерациите што пред нас го...
Да се пресметаат посебни потрошувачки кошнички – за самец, за млад брачен пар, за три и четиричлено семејство и за пензионери, рече Мицкоски
Треба да се пресметаат посебни потрошувачки кошнички - за самец, за млад брачен пар, за тричлено и четиричлено семејство и за пензионери, зашто трошоците на овие категории граѓани не се исти и не треба еднакво да се третираат - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски останува на ставот дека е потребно изготвување и т.н. унифицирана потрошувачка кошница која, како што...
ЦУК информира за три активни пожари и четири под контрола
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12:00 часот на територија на цела држава. Од нив три активни пожари има во Гевгелија, на Кожуф кај село Петрово, во тетовското село Џепчиште и кај крушевското село Свето Митрани.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во село Трубарево, општина Гази Баба (електричен...
Путин е отворен за решавање на ситуацијата во Украина преку преговори, истакна Песков
Рускиот претседател Владимир Путин останува заинтересиран и отворен за решавање на ситуацијата во Украина преку преговори и очекува да продолжи соработката со САД по ова прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Путин, како и (американскиот претседател Доналд) Трамп, го задржува својот интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение - рече Песков во интервју...
Втор ден одложувања на европските аеродроми по кибер-нападот
Патниците на неколку европски аеродроми продолжија да се соочуваат со одложувања денеска откако кибер-нападоткој ги оневозможи автомтизираните системи за пријавување и качување во авион - oбјави ДПА.
Аеродромите во Берлин, Брисел, Даблин и Лондон вчера пријавија ИТ проблеми - соопшти организацијата за контрола на воздушниот сообраќај Еуроконтрол.
Аеродромот Хитроу во Лондон и аеродромот Берлин-Бранденбург (БЕР), кој го опслужува германскиот главен град,...







































