Запленети цигари, марихуана, суплементи, парфеми, алкохол, сооштија од Царинската управа

Вкупно 40 штеки цигари, пет грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалаци и разна друга стока, е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка - соопштија попладнево од Царинската управа. - Најголем дел од случаите се...

Цистерна се запали откако излетала од патот Гевгелија – Богданци, пожарот изгаснат, сообраќајот е во прекин

Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија - Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија - Богданци е во прекин - соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија - Богданци и се превртеле после што дошло...

Од утре до понеделник дожд, грмежи и постудено

Денеска во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од утре до понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето - соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и...

ВИДЕО: Македонски екипи дел од натпреварот „Балкан хиро“ во оф-роуд возење во Књажевац, Србија

Македонски екипи се дел од натпреварот „Балкан хиро“ за оф-роуд возење во Књажевац, Србија, кој се одржува од 24 до 28 септември годинава, на Стара Планина, во организација на спортското здружение „Књажевац 4х4“. Ви пренесуваме дел од атмосферата на трките. Видео: „Нова Македонија“

Глобална студија покажува дека четири од 10 смртни случаи од рак би можеле да се спречат

Бројот на нови случаи на рак во светот нагло ќе се зголеми до средината на овој век, покажува нов извештај објавен во списанието „Лансет“ (The Lancet). Според анализата, бројот на случаи ќе порасне од 18,5 милиони во 2023 на 30,5 милиони до 2050 година. Главната причина е стареењето на населението, бидејќи постарите лица се поранливи на малигни заболувања. Сепак, ако...

Маја Јаневска-Илиева, прва уредничка на фотографија во печатен медиум, претставена на изложбата „Жените зад насловите“

Фоторепортерката на „Нова Македонија“, Маја Јаневска-Илиева, е една од 30-те жени претставени на изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“ во улога на прва жена уредник на фотографија во печатен медиум во Македонија, која ја извршуваше во „Нова Македонија“. Изложбата, која е посветена на жените што оставиле силен печат во македонската медиумска историја, ја сочинуваат 30 фотографии кои сведочат...

Шарл Мишел предлага создавање Совет за безбедност на ЕУ по моделот на ОН

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел предлага создавање на Совет за безбедност на ЕУ, во чија надлежност би биле одлуки поврзани со одбраната на Унијата. Во колумна во францускиот весник „Експрес“, Мишел наведува дека тоа тело би требало да функционира по моделот Советот за безбедност на Обединетите нации со постојани и ротирачки непостојани членови и би можело да послужи...

Пијаните возачи во иднина ќе одговараат кривично

Возењето под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/кг промили во крвта или возење со брзина која надминува 50 км на час во населено место или 70 км на час надвор од населено место над дозволената, како и возењето под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори согласно последните измени на Кривичниот закон претставува кривично дело. Членот 297-а...

Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот законик

Семејното насилство повеќе нема да остане зад затворени врати, скриено зад ѕидовите на тишината и стравот. Со најновите предлог измени на Кривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда, сега насилникот ќе може да се гони по службена должност, дури и без жртвата да поднесе пријава. Доволно ќе биде сведокот, сосед, роднина, пријател, случаен минувач да пријави семејно насилство,...

Земји во црвената зона на климатска ранливост – две се во Европа

Новиот индекс ги идентификуваше земјите што се најранливи на климатски шокови. Повеќе од две милијарди луѓе живеат во земји од црвената зона, каде што ризикот од голема опасност или катастрофа е висок, а пристапот до финансии е намален. Две третини од 65-те земји на оваа листа на најризични се во Африка, но има и две во Европа: Кипар и...