Започнува доизградбата на стариот театар во Струмица

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамки на денешната посета на Струмица извршија увид на започнувањето на работите на доизградбата на стариот таетар, чија изградба  беше закочена цели седум години. - Како Влада продолжуваме да ги поддржуваме општините, се сеќавате Струмица во првиот повик од Министерството за локална самоуправа не поднесе тогаш проект,...

Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство, рече Силјановска-Давкова во ОН

Siljanovska Davkova vo ON
Пред голем испит сме: или ќе го гарантираме меѓународниот поредок врз визионерски принципи или ќе итаме кон катастрофа со несогледливи размери за човештвото, истакна претседателката Гордана Силјановска – Давкова обраќајќи се денеска на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. -  Пред наши очи започнува нова геополитичка ера. Наместо заедно да одговориме на ургентните предизвици, како што...

Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина, рече Силјановска – Давкова на Сесијата за младите во Њујорк

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова денеска, пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се обрати на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади. Како што јави известувачот на МИА, Силјановска – Давкова истакна дека ниту една земја, ниту еден регион не може да напредува ако ги занемарува младите. -  Затоа Обединетите нации ја усвоија Светската програма...

Зеленски се закани со напади врз Кремљ, Медведев му одговори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју „Шоуто на Аксиос“ се закани со бомбардирање на Кремљ, ако Русија не ја прекине војната против неговата земја. - Прво, тие треба да знаат каде се нивните засолништа од бомби. Ако не ја завршат војната, ќе им бидат потребни - наведе Зеленски. Тој додаде дека украинската армија веќе има дронови кои можат да летаат...

Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром, соопштија од М-НАВ

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како што се наведува во соопштението, напорно се работеше на отстранување на дефектот кој се појави на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид. На 24 септември во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот...

Никола Саркози осуден на пет години затвор со одложено издржување на казната

Поранешниот претседател на Франција беше прогласен за виновен за „криминален заговор“, но и ослободен од обвиненијата за корупција и нелегално финансирање на кампањата Тони Гламчевски, наш постојан дописник од Франција Парискиот кривичен суд денеска го ослободи поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, од обвиненијата за корупција и нелегално финансирање на неговата победничка претседателска кампања во 2007 година од страна на...

Пожари во Скопје зафатиле четири возила, продажни објекти, станбена зграда

Пожари во Скопје зафатиле четири возила, продажни објекти, станбена зграда, доцна синоќа и рано изутринава. Од Министерството за внатрешни работи информираа попладнево дека во 23.07 часот синоќа, во Секторот за внатрешни работи - Скопје било пријавено дека на паркинг - простор на булеварот „11 Октомври“, опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Од огнот...

Запленети цигари, марихуана, суплементи, парфеми, алкохол, сооштија од Царинската управа

Вкупно 40 штеки цигари, пет грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалаци и разна друга стока, е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка - соопштија попладнево од Царинската управа. - Најголем дел од случаите се...

Цистерна се запали откако излетала од патот Гевгелија – Богданци, пожарот изгаснат, сообраќајот е во прекин

Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија - Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија - Богданци е во прекин - соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија - Богданци и се превртеле после што дошло...

Од утре до понеделник дожд, грмежи и постудено

Денеска во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од утре до понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето - соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и...